Свет

Здрав 27-годишен доктор од Чикаго, починал од втората доза на вакцината против КОВИД

Илјадници смртни случаи во САД сега се регистрирани по инјектирање на една од експерименталните, не-одобрени од ФДА  КОВИД вакцини, откако им беа дадени овластувања за итна употреба (ЕУА) на крајот на 2020 година и почетокот на 2021 година.

Јавноста во САД се соочува со лични приказни за десетици од овие смртни случаи кои се случија кратко време по приемот на инјекциите.

Сега, за прв пат од кога за опасноста сме свесни, се случи смрт на млад 27-годишен лекар од Чикаго, 3 месеци по примањето на втората доза, предизвикувајќи сериозна загриженост за недостаток на долгорочни студии за која било од овие експериментални mRNA инјекции.

Ако оваа смрт се случеше кај некој стар и изнемоштен и со услови на коморбитност, ќе беше тешко да се посомнева дека смртта е поврзана со инјекцијата на кој било начин.

Меѓутоа, кога ќе се појави кај здрав 27-годишен лекар кој бил атлетски активен точно до денот пред да почине, тогаш би било глупаво да не се разгледа многу силната можност неговата смрт да е поврзана со инјекциите, особено бидејќи не се спроведени долгорочни студии за ниту една од овие тековни  COVID-19 инјекции.

Трагичната приказна за д-р Јошимар Хенри од Чикаго ја пријави лекар кој живее во Илиноис, а блогот КОВИД ја покрива и неговата приказна.

Д-р Јошимар Хенри беше  резидентен лекар  во програмата  PGY1 на Humboldt Park Health во Чикаго, според неговата Фејсбук страница. Тој беше  меѓу првите жители  на Чикаго што ја доби првата доза на експерименталната mRNA на Pfizer на 15 декември 2020 година.

Докторот Хенри ја доби својата втора доза на 6 јануари.

Тој преку објава на Фејсбук рече дека ја разбира колебливоста на луѓето и дека то,ј ја донел својата одлука по „некои истражувања“.

Судејќи според неговиот  времеплов на Фејсбук , животот му бил во совршен ред. Тој бил голем љубител на фудбалот и се занимавал со социјална правда.

Тој беше пронајден мртов на 3 април .

Доктор Хенри беше оженет со Гриселда Хедер Моралес, а нејзиниот татко исто така ја објави неговата смрт на Фејсбук.

Многу ретко се случува некој здрав и атлетски активен човек на возраст под 30 години наеднаш да падне мртов.

Како што известува блогот COVID :

Д-р Хенри беше по потекло од островот Света Луција на истокот на Карибите. Дипломата за медицина ја стекна на Универзитетот за недицински науки Спартан во Света Луција. Неговиот татко беше  Јоаким Хенри , политичар од  Света Луција . Хедер Моралес, исто така лекар,  беше негова сопруга .

Сите погоре наведени факти, се важни затоа што здрави, млади, среќни мажи не паѓаат тукутака мртви. Можеби 1 од 50.000 ненадејни срцеви смртни случаи годишно се со луѓе под 35-годишна возраст,  според клиниката Мајо . Ударите, уште една ненадејна причина за смрт, се исклучително ретки за луѓе под 40 години, а камоли за под 30 години.

Стапките на смртност позитивно корелираат со телесната маса. Во суштина сте имуни на смрт од КОВИД-19 и хоспитализација ако сте под 40-годишна возраст и со здрава тежина. ЦДЦ дури призна дека скоро 80% од сите хоспитализации со КОВИД-19 биле со  прекумерна тежина и дебели луѓе .

Д-р Хенри не беше дебел или со прекумерна тежина. Младиот човек се носеше одлично со своето здравје, живеејќи добар живот. Единствениот неоспорен факт е дека тој добил две експериментални инјекции на мРНК вакцина три месеци пред неговата смрт.

Loading...

Related posts

Leave a Comment