Свет

Зеленски разочаран од поранешниот претседател на САД: Невозможно е Трамп да не видел кој е Путин

Ukrainian President Zelensky Denies Trump Pressured Him | Time

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е изненаден од тоа колку поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп продолжил да го фали својот руски колега Владимир Путин, дури и откако Москва ја нападна Украина.

 „Верувам дека имаше доволно време, и повеќе, да разбере кој е Путин“, изјави Зеленски за Си-Ен-Ен во интервјуто емитувано во неделата.
Зеленски рече дека е невозможно Трамп да не знае колку Путин се спротивставува на вредностите на американскиот народ.

„Верувам дека Трамп беше на толку висока позиција каде што е невозможно да не види дека Путин е токму спротивното од вредностите на својот народ. Трамп ја имаше целата расположлива моќ на државата – разузнавачи, податоци – како би создал психолошки профил“, додаде Зеленски. Зеленски рече дека е „изненаден“ од однесувањето на Трамп по почетокот на нападот врз Украина. 

„Веројатно требаше да ја промовира својата внатрешна политика за да покаже дека е подготвен да најде разбирање со претседателот на Русија“, додаде украинскиот претседател. 
Тој исто така рече дека Украина, во очите на Трамп, е предалеку. „Сепак, оваа војна нема дистанца што не може да ја покрие и затоа сметам дека треба реално да се гледа на ситуацијата“, рече Зеленски.

Related posts

Leave a Comment