Свет

Зеленски сака да го размени Медведчук, кумот на Путин за украински војници кои што се предадоа во Мариупол

Во последните неколку денови во Мариупол, повеќе од 1.600 украински маринци со високо кренати раце се предадоа на руските војници. Украинските маринци се дел од напуштена и поразена морска бригада во битката за Мариупол.

Во Киев е вклучено црвеното светло. Жените, родителите, децата, роднините на заробените украински војници и на оние што се наоѓаат во обрачот кај Мариупол, бараат од претседателот Зеленски да реагира, да преговара со Москва и и да најде начин да ги врати дома украинските војници. И администрацијата на Зеленски стана и тоа како свесна дека предавањето на војниците има голем ефект врз моралот на другите војници и врз јавното мислење во Украина и е на ставот дека треба да се направи се за воените затвореници да се вратат дома. Сепак, украинскиот претседател има еден адут во ракавот, но дали ќе може да го одигра.

Зеленски на 12 април му го покажа на целиот свет обесчестениот олигарх Виктор Медведчук, заробен од украинската тајна служба СБУ, кој избега од домашен притвор од Киев на почетокот на војната во Украина. Или по се изгледа цело ова време украинските тајни служби го чувале за да го искористат во преговорите со Москва.

Медведчук е истакнат украински олигарх, кум на Путин, еден од лидерите на опозициската партија Опозициска платформа – За живот, која сега е забранета од украинските власти. Како и со другите политичари кои се залагаа за дијалог со Москва и се спротивставија на војната, тој беше обвинет за велепредавство уште во 2020 година. Меѓутоа, поентата овде не е само во политичките ставови на еден политичар – милионер. Медведчук се смета за близок пријател на рускиот лидер Владимир Путин, и Кремљ, а преку Медведчук имаше големи надежи да ја смири и да се договори со Украина. Според изјавите на украинските безбедносни сили, Медведчук, во украинска воена униформа е уапсен во обидот да влезе во Русија, наводно додека се обидувал да ја премине линијата на фронтот.

Малку е веројатно дека Медведчук бил фатен од украинската тајна служба СБУ на 12-ти април, најверојатно Зеленски решил дека сега е вистинско време да го покаже Медведчук за да преговара со Москва за украинските војници кои се предадоа во Мариупол. Зеленски го сфати ,,апсењето” на Медведчук како своја лична победа и со своите вообичаени емоции почна да се фали со професионалноста на СБУ и да изјавува дека токму апсењето на Медведчук ќе овозможи ослободување на десетици украински војници. Но Медведчук е украински граѓанин, пратеник во украинската Рада, и не е осуден од украинскиот суд за делата за кои што е обвинет. Но, Зеленски изјави дека бидејќи Медведчук е заробен во воена униформа, тоа значи дека тој е војник и дека ќе биде разменет за украински затвореници. Но Медведчук беше заробен во украинска воена униформа, и е украински граѓанин. Се поставува прашањето дали Владимир Зеленски ќе го смени Медведчук како обичен војник? Значи, тоа е 1 на 1 војник? Но официјална Москва се откажа од размена на Медведчук за украински војници.

Сепак, Зеленски има уште една можност да врати дома дел од украинските војници кои што се предадоа во Мариупол. Москва е подготвена да замени дел од нив за докажаните воени злосторници од украинска страна. Да се потсетиме дека на крајот на март, на социјалните мрежи ширум светот кружеа видеа од мачење и убиства на руски војници кои што се предале, од страна на украински војници. Истрагата што ја спроведоа Русите ги откри и убијците на руските војници, се покажа дека се припадници на единицата „Кракен“, која што е дел од нацистичкиот баталјон „Азов“. Се работи за Сергеј „Чили“ Величко, Руслан Олеиник и Константин Немичев. Екстремната суровост на видеото го принуди дури и Алексеј Арестович, советник на претседателот на Украина, да го препознае она што се случува на видеото како воено злосторство. Плус уште неколку случаи на убиства и мачење на заробени руски војници. Сепак, самите сторители не беа изведени пред лицето на правдата во Украина.

Главните единици на доброволниот националистички полк „Азов“ се блокирани во Мариупол, но некои неговите единици, вклучително и единицата „Кракен“, се борат во близина на Харков. Во Украина има и други националистички формации кои се слабо подредени и подчинети на Генералштабот на вооружените сили на Украина. Како резултат на тоа, Киев не може да ги контролира тие националистички формации, и на Интернет се појавуваат видеа од мачења и убивање на заробени руски војници. Затоа, малку е веројатно дека украинската воена полиција или СБУ ќе можат да апсат воени злосторници и да ги предадат на размена. Неонацистите едноставно ќе им дадат вооружен отфрлање на оние кои ќе се обидат да ги уапсат своите колеги.

Зеленски ќе мора да си поигрува и да се пазари со Москва, претставувајќи го Медведчук или како воен човек или како лидер на про -Кремљската опозиција во Украина, за да добие отстапки од Москва, или во Украина да се вратат дел од заробените украински војници. Но, Кремљ одби размена на Медведчук за украински војници. Истовремено, жената на Медведчук, се обрати кон претседателот на Турција, Ердоган, кој што го нарече свој пријател, да помогне во ослободувањето на нејзиниот сопруг Медведчук. Останува да видиме како ќе завршат преговорите за размена на заробени руски и украински војници, и каква ќе биде судбината на Медведчук.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!