Наука

Земјата има нова мини-Месечина

Земјата

 

Центарот за мали планети на опсерваторијата Смитсонијан, објави дека Малиот астероид 2020 ЦД3 привремено стана нов природен сателит на Земјата.

Според познатите податоци, астероидот е со големина од еден до шест метри.

Небесното тело

Орбиталните интеграции укажуваат дека овој предмет е привремено во близина на Земјата. Знаци на пречки предизвикани од притисок како резултат на сончевото зрачење не се откриени и не е забележана никаква  поврзаност со познатиот вештачки објект “, се наведува во документот.

На експертите им е препорачано да продолжат со набудување на објектот.

„Постојат навистина таканаречени квази-сателити на Земјата со прилично брза орбита. Кога зборуваме за сателит, мислиме на тоа дека се движи по кружна орбита како Меѓународната вселенска станица , но движењето на овој објект е многу покомплицирано. Тој се движи со иста брзина како и Земјата, не оддалечувајќи се  од неа и формирајќи  привремена орбита. Ваквите објекти не опстојуваат долго во орбитата и можат да ја следат Земјата неколку години или неколку децении “, објасни научниот директор на астрономскиот институт на Руската академија на науките, Борис Шустов.

Loading...

Related posts

Leave a Comment