Колумни

ЗОРАН КУРЉАН : ВУЧИЌ НА ПАРАДА ВО МОСКВА

 Во Москва допатува првиот гостин после глобалната  ,Афера Корона ,.   Претседателот на Србиjа Александар Вучиќ ,  пристигна во Москва  на парадата  за Денот на Победата. Тоj ќе води преговори со Владимир Путин и речиси веднаш потоа патува во САД.  Таму , Вучиќ  ќе се сретне , не само со Доналд Трамп , но и со лидерот од Косово Хашиш Тачи. Тие ќе дискутираат за нормализациjа на односите на релациjа Белград – Приштина.Ќе се согласи ли Вучиќ на зделка со Албанците и дали се Американците способни да настапат како посредници во таа зделка

Вучиќ планирал да се сретне со Владимир Путин една недела до парадата .Но Москва во тоj момент не ги имаше симнато сите ограничувања  сврзани за корона – вирусот , затоа претседателите се договориле : преговорите да започнат после торжествената прослава на Црвениот Плоштад. Српскиот лидер претходно го потврдил своето присуство на празнувањето по повод :75 годишнината на Победата во руската престолнина.

Во Москва Вучиќ пристигна како победник.На парламентарните избори ,одржани на 21 jуни , неговата умерено- националистичка Српска Прогресивна Париjа (СПП) освои мнозинство во Народната скупштина. За владеачката партиjа гласале повеќе од 60 % од избирачите , и тоа е наjдобар резултат за целото време на неjзиното владеење.

Во Република Србиjа , не се сите подготвени да го прифатат овоj резултат од неодамнешните избори , меѓутоа официjално , за меѓународната заедница( пошироката неjзина форма )  ваква е фактографската претстава.

На умерените националисти , од помош во остварување на овие резултати им беа ,меѓу другото , и добрите односи со Руската Федерациjа. Вучиќ често се среќава со Путин , се консултира за тековните прашања . Во Србиjа тоа го ценат .

Претседателот Путин  во многу наврати потенцирал :

– Проблемот за статусот на Приштина наоходно е да се решава врз основа  Резолуциjата 1244  на СБ при ООН . Тоj документ го потврдува териториjалниот суверенитет на Србиjа.

Покраj Москва , во преговорите за косовското регулирање , вовлечени се Брисел и Вашингтон. Но српските политичари , ориентирани на расположението во земjата , се трудат да бидат унисони со руската страна. Од тие причини  , Вучиќ лично ќе го информира рускиот лидер за преговорите кои следуваат на 27 jуни со Тачи во САД. Модератори во дискусиите ќе настапат Доналд Трамп и специjалниот претставник на  Белата куќа за Србиjа и Косово Ричард Гренел.Вашингтон не е единствен коj се обидува да ги помири Србиjа и Косово. Главниот посредник е ЕУ. Под притисок на Брисел , во 2011 година , Белград и Приштина го започнаа диjалогот. ЕУ им вети : разгледување на нивните пристапни апликации , доколку тие ги нормализираат односите.

Преговорите под покровителство на Брисел имаат променлив успех.Во 2013 година двете страни го потпишаа , Бриселскиот договор , уредуваjќи ги правата на Србите од северот на Косово. Две години подоцна го утврдиjа документот за , Здружение на српски општини , со што косовските Срби добиjа право за учество во политичкиот живот. Но , сето потпишано , остана само на хартиjа.

Тогаш , ЕУ реши да го употреби своjот омилен приод кон балканските политичари ; методата на  палка и морков. Доколку во следниве неколку години политичарите не успеат да го решат спорот за границите , тогаш не може да стане збор за  членство во ЕУ, им се заканаа од ЕУ . Решението , напротив , ќе им помогне на Белград и Приштина веќе во 2025 година да го добиjат посакуваното. Притоа , не е неопходно признавање на Косово од страна на Србиjа . Доволно е да не се спротивставува за учеството на Косово во меѓународните организации.  Минатата година Србиjа предложила сопствен план . Според тоj план ; српското население во деловите на Косово северно од реката Ибар би можеле да се присоединат  кон Белград. Во замена , Белград би ги отстапил на Приштина териториите на jугот , во кои  што преовладуваат Албанци.

Косовскиот претседател jа поддржал таа идеjа . Не бил против и Брисел. Но против биле Германиjа , Велика Британиjа и Финска , обjаснуваjќи , промена на границите може да послужи како преседан за другите балкански држави.

<Териториjалната целост на Балканот е неприкосновена . Jас постоjано ќе го повторувам ова>- потенцирала Ангела Меркел.”

Не jа одобриле оваа размена ниту жителите на Србиjа и Косово . За да не jа изгубат довербата каj своите избиратели , властите оваа тема jа – пригушиjа. Се намалил и ентузиjазмот на ЕУ.Тогаш во работите се вмешале Американците.

 

Повеќето Срби сеуште jа перцепираат САД како земjа одговорна за бомбардирањето на Белград во 1999 година.Одбивноста се засили после тоа , кога Вашингтон меѓу првите jа призна независноста на Косово. 

Впрочем , Белата куќа не беше особено заитересирана за изнаоѓање решение , го предаде проблемот на решавање во ЕУ. Се се измени кога започна претседателствувањето на Доналд Трамп. Минатото лето , Стеjт департментот го назначи Метjу Палмер ( Гонзо ) – специjален претставник за Балканот. Есента , во Белата куќа се поjави специjалниот медиjатор во преговорите меѓу Србиjа и Косово – скандалозно познатиот поранешен амбасадор на САД во Германиjа Ричард Гренел.

Тоj се занимавал со подготовка на српско- косовскиот самит во Вашингтон.Чиновникот , коj  помага во предизборниот штаб на републиканците , не крие , подобрувањето на односите Белград – Приштина ќе биде сериозна победа за Трамп во неговиот реизбор за претседателската функциjа.

< Доколку Србите или косовските Албанци останат незадоволни со резултатите на преговорите од 27 jуни , тогаш , едноставно ќе се вратат во статус- кво состоjба> – предупредил Гренел

Тоа предизвикало чувство на вознемиреност во Европската Униjа .Во Белград го пратиле специjалниот претставник на ЕУ за диjалогот : Србиjа – Косово , Мирослав Лаjчак. Но Вучиќ успеал да го смири и потврдил дека Србите  нема ништо да потпишат без согласност на ЕУ.

 

Односот на Русиjа кон претстоjните преговори го изрази Сергеj Лавров .

< Го сметаме  контрапродуктивно форсирањето на т.н. завршна нормализација. Русиjа ќе ги поддржи сите инициjативи кои што ќе им помогнат на Белград и Приштина да постигнат прифатливо решение на основа , Резолуциjата 1244 на СБ при ООН    >  изjави рускиот МНР.

< Пред посетата на САД , Вучиќ долета во Русиjа на Парадата на Победата . Не така многу лидери на странски држави , заради корона – вирусот ќе jа посетат Москва , и присуството на Вучиќ доби посебна симболика. > – напиша специjалистот за Балканот , доцент на Високата школа за економика Екатерина Ентина

Што се однесува до регулирањето на косовскиот проблем , според експертите , на Русиjа и Србиjа им успева на наоѓаат компромиси . Посетата на Лавров во Белград , кеде што министерот го потврди рускиот приод кон проблемот , покажува : српските политичари сеуште се придржуваат кон советите од Москва.- забележуваат експертите.

Дел од политолозите не очекуваат напредок од средбата Вучиќ-Тачи.

<Размената на територии меѓу Србиjа и Косово , коjа се дискутира од минатата година ,би бил оптимален . Сите би здивнале со олеснување , би заборавиле на Косово . Но , Косоварите се против . Тие немаат намера да му направат било какви отстапки на Белград, а  Тачи нема сили да го преубеди мнозинството  > – анализира Ентина.

Многуте , актуелни  внатрешни проблеми , продуцираат многу  прашања околу способноста на САД да има улога на сериозен посредник. Реализациjа на ,зделката, за размена на територии бара филигранска дипломатска умешност . Основен начин за решавање проблеми за САД – е притисокот врз преговорните  страни .Со деликатно водење долги и здодевни преговори Американците не можат да се пофалат.

Ретко коj верува дека Белата Куќа има усогласени позиции за регулирање на косовскиот проблем . А уште се поретки тие кои веруваат во покачување на претседателскиот реjтинг со решавање на периферен проблем како што се односите : Србиjа – Косово.

Желбата да го забрза процесот за членство во ЕУ , го мотивира српскиот претседател на преговори со Косово . А тоа се заканува со евентуално влошување на односите со Европа и Русиjа.

Претседателот Вучиќ никогаш не криел дека од поодамна водел таjни консултации за поделба на териториjата на Косово. Единствена пречка во ,зделката , – е Резолуциjата 1244 Претседателот jа разгледувал можноста за преразгледување на одредбите од тоj документ, но Москва не е согласна . Доколку му успее преразгледувањето , ништо не би го спречило да се дистанцира од Москва за сметка приближување со НАТО. Иако и сега Србиjа има напредни односи со алиjансата.

Порано или подоцна ,ЕУ ќе им ја препушти улогата на главен посредник на САД , но Американците не се  особено агилни во подобрување на состоjбите на Балканот. Преговорниот процес може да е конструктивен само при учество на сите страни . При што , улогата на Русиjа е клучна.

Зоран Курљан

Related posts

Leave a Comment