Колумни

Зоран Курљан : Додека се подготвува сцената за нова фарса со , Петрушка , политичките актери , шефовите на ЗЗ ги вршат последните подготовки за пролетна , ќиљизма, во бавчата Македониjа и садење на нови ГМО оjаловени семенки.

Зоран Курљан

 

 

 

Деновите кои ги оставивме зад себе , беа слични по своjата содржина на сон , сонуван од Гручо Маркс  , или расказ ,побегнат од ,, Ремингтон,,-от  на Вуди Ален. Загрижени граѓани , како дел од народот , лично го прифатиjа туѓиот ,, блам ,, на своите неjаки плеќи , прогласуваjќи национален страм. А всушност , страмот има име , кое е различно од националното -Македонско. Актери од политичката естрада го убедуваат предизборно расположениот аудиториум : -Владата , го изгуби кредибелитетот каj меѓународната  заедница ( ЕУ и САД ), заради  дилетантизамот и некомпетентноста на премиерот ЗЗ !. Ова преведено значи :- Доста  е од владеењето на Ромул , време е за Рем ! А Рем веќе ги натегнал ,, штуцните ,, и лефтерно се загрева , поттрчкуваjќи , на перифериjата од игралиштето. Како да меѓународната веќе не ги знае перформансите на ,,премиерот,, накалемен токму од  нив. Со новиот сценски настап , во новиот жанр ,, Фон- ап он Вац- ап,, само дел од македонската публика ( тие кои jа пееjа ,, Друже Заев , ние ти се колнеме ,,) останаа со ,  подпадната долна вилица , вчудоневидени од ,, бамбизмот ,, ( срната Бамби – синоним за наивност ) на првиот меѓу еднаквите , шарени, кондомо- фрлачи. Покраj тоа , го молат Бога :-,, Барем до Буш- помладиот нивниот лидер да дофрли во когнитивноста боса ,,. Иако , човекот , коj е уверен во своето премиерство , како што Нерон бил убеден во сопствената поетичност , уште ги нема завршено сите работни  обврски , превземени при продажба на неговата душа за  малку место во историjата ( добра инвестициjа , сигурно го заслужи ). Неговите покровители можеби ќе се упокоjат ( по сила на Природата ) , но нема да се успокоjат додека постои  ,барем, еден атом Македонштина и Македонци.
Ако на почетокот од  македонската катарза , нагревана во , вавилонската , висока печка во Брисел , а хранета со американскиот гас од шкрилци , мнозина Македонки , Македонци , како и верните на Македониjа припадници на малцинствата , не веруваа во деструктивната моќ на антимакедонците и продажноста на , неразбраните трговци – тргаши , Македонци –  само според патни исправи , но не и по Дух , сега  во 3Д формат  го гледаат резултатот од сопствената колебливост. Следува ,, разводнување,, на концентратот од македонската есенциjа , за веќе во следната генерациjа , од зборовите ; Македониjа и Македонци , остане само ефимерна форма , испразнета од суштината. А понатаму-полошо , до моментот кога  зборот- Македонец , ќе се кандидатира во трката за нов синоним за : поjава или субjект за коjа ( коj) се зборува , но никоj не го ( jа ) видел , документирал. Истиснуваjќи ги при тоа од пиедесталот , досегашните носители Nessiteras rhombopteryx од езерото Лох Нес ,Jети и Чупакабра- истовремено. А , Македониjа , ќе се споменува во пред Божиќните празници ( на кои се празнува римскиот празник ,, Сатурналиус,,) , заедно со Недоjдиjа , Нарниjа , Терабитиjа…
Собраниската опозициjа , доколку , не беше кооперативна , туку народна , ќе започнеше масовни протести ( не холивудски ) , со помош на слободните опозициски првенки и првенци и честоколот ( бедем ) од стамен Народ , ќе ги натера сатрапите jа напуштат узурпираната власт – превратена во безвластие. На изборите потоа , поворно заедно со Народот , да го изберат наjдоброто од Македониjа , кое ќе и служи , а не газдува со Неа.
Додека се подготвува сцената за нова фарса со , Петрушка , политичките актери , шефовите на ЗЗ ги вршат последните подготовки за пролетна , ќиљизма, во бавчата Македониjа и садење на нови ГМО оjаловени семенки.
   Но , заради човечко , просто , сострадање ќе помислам : – Убаво , што со ЗЗ се зафатиле истражувачите – новинари Вова и Лесус.  Повторно убаво , што не бил тема на интерес на вработените од ,, кантората Лубjанка,, или пак кабинетот со поглед на ,, Василиj Блажниот ,,. Каj нив , велат ,чувството за хумор е далеку посериозно.
Во Геjропа , за тоа време , на Запад – ништо ново. ,, Мадам ,, Меркел , како и до сега го менаџира мултиполовиот бордел под брендот ,, Европа ,, Макрон , игра ,, топло – ладно ,, со балканскиве шибицари , а на потомците од Филип Оранжавиот преку глава им е од домашното , шаренило , а  , ново, нема ниту во кошмарите родени по , кинеските , – локални пушилници.
На Македонскиов Полуостров , секоj-секого лаже и ако не беше лажењето ќе постоеше – полно отсуство на теми за разговор меѓу излитаените политичари , вечни транзиционери. И сите , лево и десно , од долу и од горе , нафрлени се со искезени очници над пленот – Македониjа, а нашиве , тргаши , со американски  ,истапени ,томахавки jа транжираат неjзината жива плот…
Послесловие: Верувам , нема да се смета за злоупотреба на медиумскиот простор , во даденово време , ако го запрашам првиот македонски сообраќаен инженер по авио сообраќаj: -,, Матеj , Зоjќи знаjт да с  капит?

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!