Колумни

ЗОРАН КУРЉАН : КОРОНА ВИРУСОТ ЈА УБИ ГЛОБАЛИЗАЦИЈАТА

Картина Планета Земля на заказ в стиле Арт - 1273

 

Во последните неколку месеци ,светското инфо поле е боjно поле , на кое се води сурова и бескомпромисна воjна на две наднационални идеолошки течениjа: од едната страна се фанатичните застапници на  ,глобализмот , интернационалисти од сите земjи – обединети под мотото на нивниот идеен вечен лидер , Владимир Илич Ленин , А од другата страна се борат оние , кои сметаат дека деглобализациjата е неизбежен елемент на иднината   и се надеваат на максимална добивка.

Притоа , парадоксална е што некои меѓународни  структури , кои се коавтори на денешниот модел од глобалниот Свет , такви како Светската Банка , констатираат : глобализациjата е на последниот здив.

– Така на пример ,главниот економист на СБ, Кармен Раjнхарт, изjавил за Bloomberg : ,, Без мелодраматичности : Ковид 19- е последниот клинец во ковчегот на глобализациjата . Кризата од 2008-9 година нанесе силен удар на глобализацијата , исто така и Брегзит, како и трговската воjна со Кина, но Ковид jа подигна деглобализациjата на повисоко ниво,,.

– Влоговите во актуелнава  воjна, коjа се води на медиумите , социjалните мрежи, експертските здружениjа ,во кулоарите на меѓународните конференции , се многу високи. Раководствата на секоjа земjа пооделно , почнуваjќи од крупните геополитички играчи – до микро државите , имаат задача да решат за себе : кон каква иднина итаат  ( во мера на своите можности ) да jа приближат  државата со коjа раководат. При тоа , не може да не се забележи огромната разлика во реториката каj глобалистите и антиглобалистите.

Поборниците на глобализациjата ( неважно ,во оваа или некоја друга ,пост-вирусна форма ) оперираат со ,логиката на стравот ,. Тие се трудат да ги преплашат политичарите и обичните граѓани: сите продукти и предмети за широка употреба  ќе  поскапат , ќе се одземат стекнатите слободи , едноставно – следува страшен живот во Свет , поделен на ,регионални блокови,.

Типичен пример за обид да ги преплашат , доведат до хистериjа политичарите и граѓаните , кои помислуваат : можеби подобро ќе се живее во Свет без ,глобализациjа по американски , може да се прочита во изведби на аналитичарите на , Светскиот економски форум ( Давос) каде што учествуваат глобалистичките бизнисмени и политичари  ,глобалниот траст на мозоци , припадниците на Сорошовите НВО.

А самите тие ,се исплашени од: блокирање на увозот , блокирање на идеи ( индустриска и воена шпијунажа ), запирање на глобалистичкиот  план за ,,подмладување ,, на нациите со мигрантите – граѓани на економски уништените од воjни земjи, блокирање на трговиjата со луѓе ( особено жени и деца ) , неможноста за трговиjа со нукларни елементи , раководство со глобалната контрола над климата , кибер-нападите , терористите ,… Растревожени се ,давоските аналитичари , со тоа што : епидемиjата го забрза процесот на распаѓање , во коj предвремена ентропија доживува глобалистичкиот општествен систем- коj што работел по ,глобалистичка шема , смислена во САД , во полза на САД и за максимална штета на сите кои не и се допаѓаа на САД. Таму каде што беше роден глобализмот , таму и умира.

Впрочем , американскиот унилатерализам ,т.е. стратегиjа на максимална геополитичка егоцентричност со примена на економско , воено и политичко насилство кон непослушните на , Стејт Департментот,земjи- стана препознатлив сегмент од актуелната глобална конфигурациjа. Економистите , од друга страна , тврдат дека анализите на ,давоските експерти, ( во економскиот дел ) се точни.

Деглобализацијата , ќе биде непристоjно скапа во инфлациска- смисла на зборот . Но, тоа се однесува за тие земjи , во кои населението  ги изгуби навиките за  работа во секторот – сервис, а таквите ,занаети , сега ги работат мигрантите.Сите останати ,,прогнози ,, за тоа дека блокирање на странските влиjаниjа во националната суверена држава , борба со нелегалната миграциjа , силно ќе пострадаат во деглобализираниот Свет , можат да се сметаат за глобалистичка пропаганда. Легалната миграциjа ќе продолжи , сите држави се радуваат, кога нивните нови сограѓани се цивилизирани , образовани луѓе , кои се водно законопослушни и редовно си ги плаќаат своите обврски кон заедницата. Можеби , робската поданост , кон,, господарите,, ќе им недостига на остатоците од глобалистичката мафиjа (од тие , кои ќе избегнат долгогодишен затвор ) , домашното кино со богата архива , ќе им помогне да се присетат на ,,добрите , стари времиња , додека во кадарот се кезат озарените  лица на : Бранко , Љубчо, Бучко , Али ,Мицко , Столе , Фрчко , Циле , Сидро , убавата  Рада ,…како маринираат пилешки крилца во б-б-кjу на некоj 4-ти Jуљи, на падините од Калето. Наjназад во кадарот : металната, стегоцефална- насмевка на  гувернерот Беjли.

Страшилките од Давос нема да повлиjаат на избирачите во САД. Европа , Русиjа или Кина , но парите служат за да се трошат на пропагирање , скапа, болна и опасна деглобализациjа,. TIME на пример ,пишува : ,, Глобализациjата отанува. Возот тргна пред 30 години, кога се распадна СССР, кога слободниот пазар на труд и капитал стана норма ,а финансиските пазари добиjа поголема важност отколку трговиjата со стоки и услуги . Ваквите тенденции ,невозможно е да се вратат назад , исто како и индустриската рволуциjа или поjавата на компиjутерите,,.

Колку подолго ќе веруваат во оваа верзиjа на реалноста , толку подобро . Нивните ,финансиски институции , се само надградба над реалната економиjа, над човечкиот труд изразен во часови , над реално потршените гигават часови ,тоните челик , барелите нафта , тоните жито , фабричките линии и реакторите на атомските електрани.Оваа верзиjа на реалноста го олицетворува грабежот на човечкиот труд низ долгите временски епохи.

– Нациите кои наскоро ќе се соочат со сопствениот избор , имаат можност да ја изберат сопствената иднина . Можат да изберат политичари кои ќе jа остават нациjата во исушеното блато во вашингтонското – глобалистичко мочуриште , или да изберат стамени суверенисти – кои ќе склучат Завет со Нациjата.

Зоран Курљан

Loading...

Related posts

Leave a Comment