Колумни

ЗОРАН КУРЉАН : Сестри и Браќа по Род, по Христа и по Македониjа !

Сестри и Браќа по Род, по Христа и по Македониjа !

Ние , Македонците, древниот славjански народ коj што живее на териториjата македонска подолго од 5.000 години , и како народ го формира jадрото на македонската нациjа,создадена од родољуби Македонци , Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми, Египтjани , простете ми ако не споменав уште некоjа доблестна малцинска група коjа помогнала во тоj долг и мачен историски процес , бараме да престане срамното и понижувачко прекроjување на нас , нашето име и идентитет , нашето чувство за припадност и модификувањето на генетската мемориjа коjа што ни кажува кои сме.
Антимакедонските политичари , кои требаше да работат во интерес на колективната – македонска благосостоjба, а кои го погазиjа личното и заедничкото достоинство на нас Македонците и целата македонска нациjа , истовремено не присилуваат да се качиме во последниот вагон од возот чиjа што локомотива веке е во амбисот. Без народно одобрување , преку неуспешен референдум не туркаат во злосторничкото – милитантно и корпоративно- рекетарско здружение – НАТО . Другото , економско здружение од фашистичка провиниенциjа – ЕУ , кое што , се кине по сите шавови , е следната ,, дестинациjа ,, одбрана од антимакедонците за сите нас припадниците на македонската нациjа И тоа не веднаш,туку во 203…-та година, дотогаш ќе продолжат да ни фрлаат остатоци од заедничката европска гозба,а вечните Ромул и Рем ( алиас Курто , Мурто )облечени во сценски костими на супер-хероите; Позициjа и Опозициjа ќе продолжат да не бодрат и подржуваат, морално-се разбира. Додека тие се колнат и коленичат – Македониjа се празни , дели и осиромашува.
Нас Македонците и целата македонска нациjа не присилуваат да jа врзиме нашата судбина со империjалистичкото воено здружение НАТО и со тоа да си нацртаме мета на сопствените и на градите од нашите деца.При влегувањето во таа воена структура, било коjа сегашна или идна влада на Република Македониjа нема да биде информирана за евентуалното тактичко атомско оружjе дислоцирано од некоjа европска држава(многу дапековидно) на териториjава од Република Македониjа.Со самото тоа стануваме легална цел на космичко-стратагиските воjски и воено-воздушните сили од нападнатата држава или соjуз на држави.
Оксиморнска е фразата ,, ЕУ и НАТО се единствената аптернатива ( опциjа) на Република Македониjа или на ,,оваа прекрасна земjа ,, . Зборовите ,, единствена,, и ,, алтернатива,, се взаимно исклучувачки.
Тавтологична е фразата ,, За жал, Македонците немаа сенс за чувствителноста на сензибилитетот во ,,Законот за jазици,,
Кога на ваков начин ни се обраќаат нам , на луѓето кои очекуваат конечно да ги видат резултатите на нивните инкапсулирани во минатото мечти, мечти родени при краjот од минатиот митлениум, кога Светов имаше еден газда и тоj беше единствениот кормилар,24 часа на ден, секоj Божjи Ден во течение на многу десетолетиjа.
Сега Светов повеќе потсеќа на регата каде има разни пловила со кормилари,достоjни државници кои се грижат преди се за државните интереси на суверените државите кои ги преставуваат,но притоа почитуваjќи ги интересите на суверените држави со чии што преставници преговараат и договараат.Сетете се кога последен пат македонски раководител на државата или Влада седел и ги заштитувал националните интереси на иста маса со колеги од целиот Свет? Приjатна и полезна промена на политичарите – бутафории од последните 30 години. Досегашната ,, меџународна ,, заедница составена воглавном од стратегиски неприjатели на Република Македониjа , со новата суверенистичка политика се мултиплицира со земjите од Евро-Азиската економска униjа , БРИКС ( на последниот состанок БРИКС ги отвори вратите за нови членови ) , и други земjи со кои немаме реални политички ниту економски односи
Покраj целиот економски притисок коj е изложена,руската економиjа го доживува своjот процвет и криковите,,Готова е,готова е !-останаа саде празно ехо во главите на тие кои историски, не разбираjќи го карактерот и длабочината на рускиот дух, решиjа да му се заканат , тресеjки го показалецот пред неговото лицето . Покраj закануваньето со прст уште им гавкаат постоjано пред родниот дом,иако и самите гавкачи знаат дека во нивната шума сеуште се нема осилено ѕвер коj може да му дава наредби на буриот мечок.
Во Рускиот Свет покраj Рускиот живеат уште 189 народи или нивни делови,малцинства и народности во последниве како минимум илjада години. Живеат,си помагаат, дружат,се мажат и женат мегусебе постоjано обновуваjки го и облагородуваjки го националниот гено-фонд.Едни од наjголемите џамии и синагоги во светски рамки се изградени во Москва во содеjство и со помош на руската држава.Во Руската Федерациjа се сите еднакви пред државата без оглед на националност или религиjа , и е првата многу културна,многу религиозна и многу национална држава и наjстара воедно.
Проектот ,, Новиот пат на свилата ,, без оглед на нашите емоции поминува(дел се разбира) и низ нашата земjа Република Македониjа. И тоа , Македониjа се наоѓа како на оската : Исток – Запад , туку и на Север- Jуг. Сите патишта поминуваат низ Република Македониjа. Наместо да ги договараме условите за соработка ; лично и одговорно , некои други го прават тоа , но не во наша полза . Од нас и нашите решениjа зависи дали ќе ги пречекаме готови за соработка или заедно со возот споменат погоре ќе останеме запретани во снегот без локомотива . Ќе останиме на победничката страна од историjата, или ќе се согласиме на исчезнување по сопствен избор.
,,Турскиот Поток,, поминува покраj нас,но не и на наша териториjа, ние ќе купуваме гас по астрономски цени,покраj тоа што не заработуваме за неговиот транспорт низ Република Македониjа.

На краjот само да споменам дека во Евро-Азискиот економски соjуз , БРИКС и останатите чинители на многуцентричниот свет не препознаваат и признаваат ; како Македонци и Македонска нациjа, како Република Македониjа , почитувани вакви какви што сме без никакви козметички или капитални- корективни операции. Зошто , сите нации на Земjата имаат свои доблести и маани.

Оваа нова , македонска визиjа,е силна причина за поддршка на ,, Родина ,, во процесот за неjзиното политичко легитимирање во Република Македониjа. Секоj потпис за неа- како основач на ,, Родина ,, не носи еден чекор поблиску до новата македонска реалност , преку враќање на Македониjа во природна состоjба – Република Македониjа.

Здрава , жива и цела да е Република Македониjа , благословена од Бог и народот !

P.S. Силата е во вистината,а таа е со Наc.

 

Зоран Курљан

Loading...

Related posts

Leave a Comment