Колумни

Зоран Курљан: Уставна криза во САД

Целиот состав на полициските сили во Њу Jорк и Вашингтон е изваден на улиците . Заштитниците на jавниот ред и мир прават барикади . Од сите страни на САД долги  автомобилски каравани се приближуваат кон Големото Jаболко .Возачите долго трубат со сирените , патниците мавтаат со американски знамиња . Луѓето покраj патиштата ги поздравуваат  мавтаjќи  и подигаат плакати со ликот на поранешниот Претседател со мотото : ,, Да jа направиме Америка повторно голема ( МАГА ). На тоj начин симпатизерите на Д. Трамп му изразуваат поддршка на поранешниот – иден Претседател на САД . Граѓанското противставување се заканува да прерасне во ,, голем бабаммм ,,
   Замислата на демократскиот естабилишмент – спроведена од обвинителот  на Менхетан – беше максимално понижување на Трамп , уништуваjќи го во очите на избирачите . На таа цел работаа сите инволвирани во случаjот Трамп .Особено делот со порно актерката Сторми Даниелс . Прво во историjата кривично обвинение за претседател на САД . Прво во нивната скоро триста годишна историjа апсење претседател , не сметаjќи го вицот за надминување на брзината со коњска кола управувана од Вилис Грант .
 Формалното апсење со неизбежниот perp walk – проаѓање на престапникот опкружен со полициjа -во очите на законопослушниот обичен Американец не е само ужасна сцена , туку апогеj на бескраен хорор . На осомничениот обично му ставаат лисици , а наоколу е толпа од еуфорични или  хистерични новинари , гласно подвикнуваjќи или прашуваjќи го забезекнатиот главен протагонист од центарот на збиднувањата . Фотографии од тоj срамен настан оперативно се поjавуваат во сите водечки СМИ  .
Perp walk , богато аранжиран со пропратни понижувачки процедури – е типична практика на американските полициски структури , со цел кршење на волjата од осомничениот и уништување на неговата репутациjа .
Лидерите на демпартиjата вороjатно сметале дека таквиот пристап кон случаjот Трамп за на век ќе го разруши неговиот имиџ во очите на богобоjазливите старици од Мисисипи и малку образованите ,, црвени вратови ,, од Тексас , и тие повеќе никогаш , ама баш никогаш  повеќе нема да гласаат за ,, криминалецот ,, Доналд Френкович Трамп  . Своите сипатии ќе му ги подарат на Рон Десантис – системски републиканец подготвен да соработува со Длабоката држава .
Денес , повеќе од jасно е дека планот не успеа . Колосалното  мнозинство негови поклоници и следбеници беа сведоци на фактот : сите обвинениjа за кривичните дела пришиени досега и следните подготвувани од федералните обвинители и државата Џорџиjа – се очигледно политички дела . Демократите , едноставно се обидуваат да го елиминираат наjсилниот кандидат , користеjќи методи своjствени на државите  , американски вазали од третиот свет . Балкански методи – како што милуваше да ги нарече еден нафталинизиран дипломат од платниот список на Длабоката држава .
Од своjа страна Д. Трамп , искусен шоумен , сопственото апсење  го претвори во духоподигнувачка претстава . Тоj не остана сокриен  во Флорида , иако тамошниот гувернер , истиот Рон Десантис – вети дека нема да одговори позитивно на повикот од њуjоркското обвинителство да го предаде Трамп во рацете на ,, правдата ,, . Трамповите адвокати издејствуваа при perp walk процедурата полициjата да не му стави лисици на нивниот клиент .

Трамп зад решетки ќе помине неколку часа , после тоа ќе одлета во неговото имање Мар-а-Лого во Флорида , по што следи обраќање кон Американците . Суштина во неговите говори последно време е повторена многу пати : тие не доаѓаат по мене , тие доаѓаат по вас .
Кривичното гонење – тоа е порака за сите , вклучително и за Рон Десантис – втор после Трамп републиканец според симпатиите  на народот   – дека ако не ги почитува и практикува правилата дизаjнирани од Длабоката држава може без многу церемонии да заврши во затвор . Пиночетовштина во сиот своj пеколен раскош . Демпартиjата во САД се обидува да воспостави диктатура каква што спрведува со децении низ целата Земjа . Законот на бумеранг . Демократите сакаат да инсценираат домашен Маjдан , но половина Американци се подготвени да  се спротивстават на  шарената револуциjа .
не случаjно Десантис обjави дека нема да предаде своj граѓанин на властите од  друга држава , иако според словото на законот  , тоj има обврска да дозволи екстрадициjа на осомничениот во друга соjузна држава , доколку не постои правна основа предизвикана од неисправност( непотполност ) на потребните  документи . Но , во случаjов , Флорида делува како независна држава и се откажува да предаде своj граѓанин на друга држава . Имено потенциjалната поjава на  ваков парадокс досега спречуваше кривичен прогон на поранешните претседатели . Така беше со Никсон , Клинтон , иако сите докази против вториот беа на очиглед , поточно на работниот фустан сопственост на Моника Левински .Табуто е детронизирано . Американската Фемида го извади прстот од напукнатата брана , и големата вода , со страшна бучава ,се заканува да jа поплави некогаш наjнапредната држава на светот  . Сега државата Тексас би можела да го обвини актуелниот претседател за необезбедување на неприкосновеноста  на jужната соjузна граница . А Вашингтон ќе се откаже од екстрадициjа , затоа што таков тип на предавање на Потомак  нема .Распадот на правосудниот систем значи разединување на некогашните соединети држави на Америка . Взаемната омраза меѓу ,, сините ,, и ,, црвените ,, ветува масовни граѓански судири со епски размери .
Американските аналитичари не грешат кога велат дека нерушување на табуто може да испровоцира и продуцира целосна уставна криза . Кога се крши правосудниот систем , граѓаните сами jа земаат правдата во свои раце ,а законот на линч е најстариот закон во непрегледните , диви прерии на САД.
Зоран Курљан

Related posts

Leave a Comment