Колумни

ЗОРАН КУРЉАН : ХАЗАРСКА ПРОЛЕТ

 

casino_europe-1

До краjот на 90-тите години од минатиот век ,бандитска Москва , се пребрази во ,,бизнисмени,, со скапи –  ,фирмени,  акт чанти , лап-топови под секоjа лева мишка, и безжична слушалка во една од двете ушни школки.

Скапи ,фирмени , костуми со строг стил на  Сопрано кланот, скапи автомобили – тапацирани со кожи од жртвувани крави, и бесни агрегати под капакот од машинската  секциjа.

Долче Габана ( и брат му ) го зазедоа местото на Версаче, па од таа причина златните копчиња од палтата  на ,,бизнисмените,, се повлекоа -поразени.

Сите филмови на големиот Балабанов , во кои главната роља  ,секогаш беше наменета  на Русиjа, во годините поминати под претседателствувањето  на Б.Н. Jелцин и апсурдната реалност коjа Таа jа доживеа , но беше доволна силна во  нескршливиот дух – па затоа и jа преживеа , беа веќе снимени.

Апсурдот беше потребен ,олигарсите толку се осилиjа со нивните западни партнери, се опуштиjа како медузи на жежок песок, се почуствуваа патрони на Русиjа,успеаjа -наjпосле чопоративно ( нека ми простат кучињата) да доползат до неjзиното богатство , беа богови,…тогаш ,кога беа наjсилни – станаа наjранливи.

Во престрелките по улица, ,,стрелките”  на осамени места со учество на стотици луѓе под оружjе од недоговорените страни, атентатите врз ,,авторитетите”, МВД -исто така имаше вклад во проретчување на разните <групировки> кои < кришуваа> над сите бизниси; легални или… останатите.

Благосостоjбата  , во коjа што пливаа олигарсите,преточена во присвоjување на стратегиските руски компании преку кои го контролираа и грицкаа националното богатство, дел од него беше веќе ,,мариниран во банкарските ќерки од Банка на Англиjа насекаде во офф-шор компании.

Данокот , кои го плаќаа кон државата , а го плаќаа заради сценски ефект-изнесуваше 3%, исто како и за сите останати граѓани од Руската Федерациjа. Волкот сит- овците не особено.

Нивната самоувереност ги направи чести посетители на казино- комплексите. Комарот со нив не беше приjатен – но затоа времето и ситните неприjатност во полност ги плаќаше спртивната страна ( на долги патеки). Носење на <бабло- капуста – линколни-…> изразени  во милионски износи од сериjата < американски гринбил> не е препорачливо од практични причини, па затоа , со тие ретки < заведениjа> кои ги имаа олигарсите , а таму каде што < тусат> тие – таму се лешинарите од политиката и шоу бизнисот, имаа договор за <мука> односно, како што би рекол Џаро- на доџем. Лимитите се определуваа со меѓусебна согласност , како и максимумот <мука> во секое доаѓање на клиентот.

Комарот е страст во коjа хазардните клиенти се одаваат до краj,  влоговите се зголемуваат, нивните сопруги- почесто метреси стануваат нервозни, а лимитот на виртуелни долари се зголемува. Епилогот , зачинет со ретки ,малкуцифрени, ефекти , е извесен . Парите , кои богатиот -како Крез олигарх , се реални и се прашање на лично здравjе , идно процветување и репутациjа , мора да се платат . Комарџискиот долг е свето дело во светот на четирите Аса и топчето од слонова коска.

Изгубените во страст вируелните долари , изедени од зелената чоjа , сеуште jа распространуваат  своjата енергија врз губитникот, се облекува додека му звони на шоферот – за половина час да биде нацртан пред домот- и го повторува сонот коj му се сонил, а во него – наметливо му излегува ,пред заспаните очи, броjот 29, одново и повторно-. Истовремено , бубашвабите во неговата глава гласно протестираат против 29, чунки клиентот никогаш, ниту под било какви околности , не ставал влог на 29…

Се сеќавам на познат и признат член од руската музичка естрада, во казиното -московска испостава  на њуjоршкото Семеjството Готи- Златна Поткова, плачеше поради нелоjалноста на неговата предходна сопруга – исто пеjачка, за да не признае дека срцето му се кине од тоа што; личниот шофер веќе неколку пати му донесе конверти со имиња на градовите од кои што беа земени авансите.

Патриjарсите на, десете хазарски семеjства ,фрлиjа, око на наjдобрата старата , со запуштена надворешност , многукатница во историскиот центар на Москва, Пушкинскиот плоштад, од карши страна кино-театарот Пушкински и до тоj момент наjголемата коцкарница во Москва- Шангри Ла.

Москва замириса со аромите на европски град – во обид,  <хазаини> нови  во казино-светот

за две години, од запуштена царска печатница, во коjа своевремено магот на руската поезиjа и познавач на руската душа- Пушкин, бил печатен за избраната императорска ложа,  во почетокот на новиот милениум беше во исчекување на новиот <владелец>, инвеститорите го направиjа наjубавиот и наjскапиот казино-комплекс во пребогатата Москва.

Опремата, алатот за работа ,го <закажа> по аристократски аршин, еден од наjуспешните казино-менаџери во рускиот еснаф- ориѓанецот М.Г., во работилницата на Абиати во Милано, придружуван од човекот кого следната година САД го обвинуваше за ,, штелување,, на резултатите од зимската олимпиjада во Леjк Плесид.

Внетрешноста на комплексот накитена со оригинални изданија од големите маjстори на боjата , светлината и сенките. Изборот на сали за комар беше условен од количестото пари , кои што играчите  имаат намера да ги пуштат во оптек на зелената чоjа.

Забавни , тивки и по ,филмски , осветлени ќошина – погодни за романтични разговори, акустични простории со максимална надворешна звучна изолациjа ,во кои групи со различни музички вкусови се забавуваа во ритамот на музика по нивни мерак

Во неколкуте ресторани , тематското , одпилемлеко , се граничеше само со боjата на членските карти. каде што ,платинестата , имаше пристап во било коj дел од комплекс, бесплатно за многу пари ,

На Летната тераса, достапна само за, платинастите, и, гости на куќата, моjот домаќин во многу наврати , охриѓанецот М.Г. , влезе во остра полемика со лауреатот на статуетката Оскар- Никита Михалков за несправедливоста на американската филмска академиjа при доделувањето на Оскарот , од проста причина што филмот на Манчевски е НЕСПОРЕДЛИВО поиздржан и поверодостоен. На што Михалков му реплицираше( парафразирано):- предвремена беше таа информациjа- предупредување за сценариото -напишано за Република Македониjа- казната ; недоделување на наградата ,коjа цел филмски свет jа гледал во рацете на македонскиот режисер. А Џек Николсон ( како почесен гостин на маестро Михалков) , лежерно седнат отспротива на удобниот кауч,со филтерот од <калjанот>( наргилето) во спуштените раце ,гледа де во едниот, де во другиот од дваjцата дебатери, не разбираjќи ниту еден збор од јазикот на коj се расправаа дваjцата. Вероjатно , нивната галама jа задушуваше градската вечерна бркотница коjа беше  восприемена како ,бел звук ,.  Звучеше како расправиjа заради високиите децибели генерирани од М.Г.

На таа , метафизичка тераса , во неколку наврати се водеа жестоки полемики помеѓу тие кои го обожествиле Александар и тие кои го сметаат за бог, но со човечка природа- метафорички кажано. Луѓе, теолошки филозофи , интелектуалци , метафизичари- од сите религии : пагани и еднобожци, нации и народи, разговараа за мисијата на Македонскиот, за вечните предавства на јужносицилиjанците – официjално наречени- Грци и нивниот, клин , вметнат во славjанството,…

Портретот на Александар , изваjан од историските читанки и ,,учебници,, во кои тоj е безмилосен окупатор – узурпатор , за воените професионалци – стратег, за историjата –  тоj е прашање на висината од грантот, за политичарите – монета за поткусурување, се стопи како кравjа маст во оган, замирисуваjќи во процесот. Се поjави слика од Македонскиот како- Филозоф во акциjа -како што го нарекува П. Кузман.

 

Максимата :Кога излажале еднаш -тоа го прават регуларно, ја  потврдиjа и фалсификуваните од грчки пре-пишувачи Летописи ,кои барем ни јазикот и писмото славjанско  не го владееле, но ,свезале, историја полна со нелогичности , превртување на фактите , со цел : да jа покажат неполноценоста на славjанската култура и цивилизациjа,неопходноста од управување со тие , кои до нивното покрстување биле облечени во кожи од елени и живееле во подземни земуници. Апостолот  Андреj Првозвани, во првиот век се возхитувал на руската бања при мисионерската посета на големата руска рамнина , населена со славjански народи. Но , тие ,,мораа,, да бидат ре-христиjанизирани од грчката црковна организациjа десет векови подоцна…

На териториjа од хазарски семеjства , во срцето на Москва , со поглед на Поетот, се исцртаа контурите од причините за неjзиното изчезнување – Македониjа е земjата , Александар е неjзина рожба – во кого се  персонификувани Македониjа и Македонците. Неговата идеjа е наjсилното оружjе против порбителите на човештвото, самонаречени владетели на светот и пишувачи на човечки судби.Во изборот : слобода или  ропство, човекот секогаш ќе jа избере – слободата – дури ако мора и да се бори за неа.

Така беше тоа ,лето, 2002-ро  во Царството на Славjаните.

Зоран Курљан

Related posts

Leave a Comment