Украина ми потврди еден сомнеж, кој ме следи некаде од 16-та година од мојот живот, 1988, кога го видов дедо ми како пушта солзи, тоа беше неколку месеци пред да се упокои.
Таа слика ми остана врежана до ден денешен, еден силен, горделив човек, кој 6 деца извади на пат и нас 2 внучиња, почина во Скопје 1988, без да си го види родниот крај, од каде етничи го очистија во 1948, село Крушоради, Леринско, Егејска Македонија.
А до 1988 сигурно доволно биле демократски и Грција, ЕУ, НАТО, или не!?
Не знам, имате тука џган регрутиран од нив, аналитичари се, големи новинари, нека одговорат!
Јас немам проблем со западот, кој вели дека е учител по демократија, дека Грција е лулка на европската демократија, а мојот личен пример?
Зошто тоа не е така со Македонците од Егејска Македонија, кои се ПРВИОТ наРОД кои беа на удар на Англо-Саконските фамилии кои после крахот на Отоманската империја се насадија во Атина, Софија, денес, насекаде околу нас.
Тие со својот план на Демакедонизација, Десловенизацијаа започнаа на крајот на 19 век, продолжи со првиот народ во Европа кој е бомбардиран после втората светска војна, македонскиот, во 1948 и заврши со Франкештајн германска креација, „СеверЏган“, фала му на Бога, спортивно на Волјата на нацијата од Референдумите!
Сега сфаќам зошто се редеа Меркел Германија, Курц Австрија, Столтенберг НАТО, Тереза Меј Велика Бриатнија, тие сакале да бидат дел од тој фашистички проект за бришење на еден народ, со морковчето за влез во нивните организации нато и еу, верни на своите предци од 19 и 20 век.
Значи Македонците, а не Југославија и Србите, во Егејска Македонија, во 1948 беа првите кои беа бомбардирани од западните сили, под привидот демократизација. А на власт во Грција, кој ? Монархофашистите!
1991 Македонија прогласи независност, одлично оценета за Устав, права на малцинства какви што нема во ниту една западна земја.
Започнаа повторно игрите, околу Македонија и Македонците.
Истите игри како на баварските монархии, на крајот на 19 век, комплетно исти!
Негација, забрана на името Македонија, геноцид, етноцид, избришани Македонците од живите народи на планетата земја.
Ви ја пренесувам изјавата на Урлике Кноц од март 2009 година, поради која доби остар протест од Министерството за надворешни работи.
„Во 2020 ќе бидете членка на ЕУ. Ќе имате ново име- ’Северна Македонија’. Владата ќе биде составена од партија со име ’Нова мекедонска партија’, во која членови се Албанци и Македонци. Албанското население ќе го зборува македонскиот јазик, што е случај и денеска, а Македонците ќе го зборуваат албанскиот јазик што ќе го учат уште од детски градинки. Мислам дека ова е убава визија за земјата. Не е нереална, не е утопија. Може да се направи и пред 2020 ако се работи на политички план“, кажа амбасадорката Кноц.
Како и новата амбасадорка 12 години подоцна,
22 Јануари 2021.
Германската амбасадорка јасна: Договорот со Бугарија мора да се спроведе.
Тоа е ФАШИЗАМ мили мои браќа и сестри Македонци, кој извира од Англо-саконските, односно од германско-британските-американски елтитни кругови, кои денес најдобро се гледаат токму во случајот со Украина, затоа што се фатени дупло голо и затоа што денес со овој развој на технологијата, не можеш да сокриеш геноцид, нацизам.
Тоа што ние до ден денес не можеме да оствариме основни човекови права за Македонците во земји членки на ЕУ и НАТО, Бугарија и Грција, тоа е затоа што тие земји се прогласени за повисока раса од нас Македонските Словени, како најниската раса.
Тоа што Хашките случаи до ден денес не се решни е затоа што надрасата Албанци убивала подраса Македонски Словени.
Тоа што насила ни се промени Устав, се изврши државен удар, се избриша националност на Македонците, е затоа што таа западна елита, не завела како најниска раса, Словени, врз која е дозволено се да се прави.
Ова не го напишал ниту Путин, ниту Русија, ова е мојот животен пат, искуство, мое, на моето семејство, на мојот народ македонски и германските баварски, англо-саконски фамилии, кои за жал до ден денеска работат и функционираат по истиот терк.
Дефинитивно НАТО и ЕУ се производ на истите елити кои го произведоа Хитлер и 3 Рајх, односно денес тие се чист 4 Рајх!
Моја обврска е да ја извадам оваа вистина на виделина, како вие ќе изреагирате на неа, од вас зависи.
Дали ќе добиете желба да излезете од сценариото на Западни Ариевци, каде нас не сместиле како најниска раса, врз која е дозволено се да се прави, сепак зависи само од вас.
Секако дека ова сознание можев да го чувам за себе и да живеам каде сакам на земјината топка.
Денес во Украина, созадена и уште се создава украинска повисока раса, со омраза кон руското, со фашизам, како што Грците го применуваа кон Македонците од крајот на 19 век. Ами истите се учители!
Затоа и многу полесно ја разбирам целата ситуација со случувањата во и околу Украина.
И самите Руси, добар дел од нив, па и нивните повисоки кругови, не ја разбираат длабочината на оваа игра, која е многу пред 2 светска војна, многууу, многууу подалеку во историјата.
Се додека постои западот како сила, ќе се појавува циклично фашизмот, за ова може да ви потпишам каде сакате!
Тоа е моето лично искуство, since 1903, од лични сведоштва, без рекла казала.
Зоран Јованчев-Претседавач на Претседателствотото на политичката партија Родина Македонија