Колумни

ЗОРАН ЈОВАНЧЕВ: 22 ГОДИНИ ОД БОМБАРДИРАЊЕТО НА СР ЈУГОСЛАВИЈА

КОЛУМНА

22 ГОДИНИ ОД БОМБАРДИРАЊЕТО НА СР ЈУГОСЛАВИЈА

22 години од бомбардирањето на СР Југославија од страна на западните сили,
73 години од бомбардирање на Егејска Македонија, 60 години од бомбардирањето на Виетнам, 20 години од бомбардирањето на Кувајт и Ирак, 10 години од бомбардирањето на Либија и Сирија, итн, итн….

Поминаа 22 години од бомбардирање на нашиот сосед Србија и Црна Гора.

Еден крајно варварски чин на една отпадната од човек западна заедница, која бомбардираше градови, петро-хемија, електо-енергетски објекти, мостови, возови, итн..

Ние како народ покажавме голема солидарност кон братскиот српски и црногорски народ, со хуманитарните конвои, демонстрации, јавна поддршка, а како држава и државен апарат, мизерија и беда, со дозволата за користење на македонската територија за напад врз соседна суверена земја.

Иако Собранието на Република Македонија донесе одлука да не се користи македонската територија за напад на соседна земја, тоа во пракса не беше почитувано.

Карактеристично за сите демократизации на државите е што првиот демократски чин на оваа од човек отпадната западна цивилизација е подигањето на „едукативни“ објекти за црпење на богатствата на таа земја. Од нафта, злато, благородни метали, минерали, артефакти, итн….

Воспоставување на каста која ќе служи на демократите и ќе повторува една иста социо-психолошка ретардирана матрица, САД и западот немаат алтернатива, тие се најдобрите учители по демократија, со нив само што не ни тргнало во рајот наречен запад. Кај нас е надополнета со датуми за влез во тој свет, 30 години врти веќе искинатата лента, со искинатите елити од минатиот систем.

Поради сето ова злосторничко малтретирање и бомбардирање на народите од светот, кредибилитетот на западната цивилизација е 0.

Пробуваат со окупирање и купување на фрекфенции и медиумски работници, невладини организации, да ја покријат бедата и НУЛАТА, но се потешко им оди и дома и надвор.

Ние како балкански народи, треба еднаш да си го стабилизираме регионот и со сопствени сили да креираме регион на подеднакви права за сите народи, слободен проток на идеи, луѓе, добра, приклучување на регионот на Патотот на свилата, Вардарска долина, брзи железници, соработка со силите од истокот, Евроазија, итн.

Тоа не значи исклучување на западот, напротив, преку конкуренција ќе го натераме токму тој запад да биде помалку предаторски, крволочен, колонизаторски настроен, отмен и безалтернативен.

Никогаш да не се повтори бомбардирање на суверена земја!

Зоран Јованчев, Претседавач со Претседателството на Родина Македонија

 

Loading...

Related posts

Leave a Comment