ФБ Статуси

Ивор Мицковски : Ајде дечки, не се секирајте, ионака ништо нема да биде ОК!

 

Се прашува човек, како можеше се вака брзо да отиде надоле?!

Никад не сум бил љубител на ова владино раководство, ама ваков дебакл, ваква бесрамност е невидена досега.

Си легнале очигледно дечките, браќата и братучедите во кондурите на системот на Грујо и клоцај сѐ пред себе.

Требаше да понудите нормалност, правда, градење институции и држава, донесовте само повеќе криминал, недоверба и апатија. Нема ништо нормално во оваа земја, напротив, ќе те искинат ко хиени ако осетат трошка нормалност.

Ова е како инвазија на ултрателата, полошо од инвазија на скакулци. Каква е оваа генетска мутација, негромантско пореметување на сите кои до вчера се бореа за правда, а денес дрско и безбразно бранат криминал, релативизираат или се прават наудрени?

Не знам, ако имаме уште два-тројца кои ги држи памет и некој верува во нив, што чисто се сомневам, нека организираат некоја конвенција, научна конвенција со цел да се утврдат некои научни вистини околу ова дијаболично пореметување.

Или да останеме на оваа индигнација и бес, уплашени и без компас, да продолжиме да викаме и мрчиме, повикувајќи се на некоја боженствена или трансцедентална интервенција, кога веќе немаме надеж во човечката.

Брзината, забрзувањето на катастрофата почнува да ме плаши, како се катализира пропаста на оваа држава, како сите успеаја да разочараат и уште да се дрски и уво да не им чуе.

Ајде дечки, не се секирајте, ионака ништо нема да биде ОК!

ФБ Статус на Ивор Мицковски

Related posts

Leave a Comment