Свет

Игор Кирилов: САД признаа дека во Украина биле спроведени биолошки истражувања

Игор Кирилов: САД од Украина, изнесоа 16000 опасни биолошки примероци од  тајните лаборатории - СЛОБОДЕН СВЕТ

Игор Кирилов тврди дека САД го зајакнуваат својот воено-биолошки потенцијал со изградба на лаборатории во странски земји и собирање видови на особено опасни микроорганизми под превезот на член десет од Конвенцијата за забрана на биолошко и токсично оружје, кој се однесува на меѓународна соработка и размена на информации за мирни цели.

Американската делегација во Женева призна дека во Украина биле извршени биолошки истражувања на граѓани со ниски приходи и пациенти во психијатриски болници, изјави денеска шефот на силите за радијациона, хемиска и биолошка заштита на руските вооружени сили, генерал-полковник Игор Кирилов.

„Објаснувањата на Соединетите Американски Држави и Украина во врска со отстранувањето на соеви и биоматеријали на украинските граѓани и почитувањето на етичките стандарди при спроведување на истражувања за граѓани со ниски примања, како и за една од најранливите категории на население – пациентите во психијатриските болници делуваа крајно неубедливо“, рече Кирилов на брифингот по консултативната средба на земјите потписнички на Конвенцијата за забрана на биолошкото и токсинското оружје во Женева, пренесе порталот Спутник.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!