Свет

Игор Конашенков: Ги ослободивме заложниците од џамијата во Мариупол на барање на Ердоган

Russian squeezes Kyiv, shelling near Mariupol mosque - Kuwait Times

 

Портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков денеска изјави дека руските специјални сили ги ослободиле заложниците, кои Украинците ги држеле во џамијата во Мариупол.

„Специјална операција за ослободување на заложниците што ги држеа украинските нацисти во турската џамија беше спроведена на 16 април за време на офанзивните акции во Мариупол, на барање на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган“, изјави портпаролот Конашенков, цитиран од ТАСС.

Тој рече дека благодарение на несебичната акција на руските специјални сили биле елиминирани 29 украински екстремисти, меѓу кои имало и странски платеници, а заложниците во џамијата биле ослободени.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!