Политика Регион

Идниот шеф на европската дипломатија го бојкотираше состанокот во Хелсинки поради поканата на Приштина

 

Шпанскиот министер за надворешни работи Јозеф Борел, кој истовремено е иден шеф за надворешна политика и безбедност на ЕУ , го бојкотираше состанокот на претставниците на ЕУ и партнерите од Западен Балкан во Хелсинки, бидејќи Приштина доби покана.

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, кој присуствуваше на состанокот во Хелсинки, потврди дека Борел ја бојкотирал средбата, на која високиот претставник на ЕУ во заминување, Федерика Могерини, спротивно на досегашната практика ја покани Приштина на состанокот.

Дачиќ изјави за „Вечерње новости“ дека Шпанија е против поканата на претставниците на Приштина и ова е прв пат да се покани територија која е  далеку  од статусот на кандидат за ЕУ. 

– Претходниот  формат на овие состаноци, кои се одржуваа на секои шест месеци, сега е вештачки променет и е поставен преседан, така што Могерини наместо да ги покани земјите-кандидатки, ги покани партнерите од Западен Балкан. Ако досегашната практика е овие состаноци да се одржуваат во форма на министри за надворешни работи на ЕУ и земји кандидати за членство, не гледаме оправдување за промена на форматот – рече Дачиќ.

Каталонецот кој не поддржува отцепување, било каталонското или косовското, кој веќе се „скара“ со Кремљин и Лондон и за кого се вели дека нема ,,влакно на јазик“. Тоа е Јозеф Борел, која најверојатно наскоро ќе ја замени Федерика Могерини, сегашниот шеф на европската дипломатија, а со тоа и нејзиното место на преговарачката маса на која Белград и Приштина не седат со месеци.

Веста дека овој Шпанец може да се најде, а шансите  да се случи тоа се големи, како висок претставник за надворешна политика и безбедност, предизвика голем број реакции, особено во Белград и Приштина. Веднаш се појави прашањето како Борел, инаку шпански министер за надворешни работи, би се однесувал кон еден од најголемите „болки“ што ги има Србија – нерешениот проблем на Косово.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!