Колумни

ИЗВИНЕТЕ, НО ТАКА СЕ ДОГОВОРИВМЕ – Колумна на Соња Манџук

 

 

Наводно реакциите на социјалните мрежи придонеле Тамара да се извини, оние од Калето као да се извинат, преку соопштение со кое не подјебаваат у ребра, па и оние за влада што се сметаат, и тие се извиниле. Тие и онака на народот само по социјални мрежи и контактни емисии, се чини, му сметаат/ пречат. Само таму има глас и само таму врие. Инаку се е во најдобар ред. Како некој да ги подучил дека треба демократски капацитет да покажат, гласот на народот да го слушаат, па ако тој пушти глас по социјалните мрежи, да се извинат, да го издишат пробниот балон. А, не го слушаа гласот на народот ни име кога менуваа, ни на референдум кога им даде шут-карта. Досега глумеа лудило, сега малку ќе глумат демократија. Врие на Фејзбук, Твитер и по контактни емисии, па ај да оладиме, као малку. Извинете, но така се договоривме!
Зарем некому не му е јасно дека химната ќе се менува?! Веројатно на партизаните првоборци, од поетската секција на есдесовците. И на сличната шарена дружина. Нив, ако нивните ги инспирираат и за хасан приштинци и за лигиприштински и платформи тирански ,песнички -ода на радоста ќе испеат. Ќе треба. И ќе ги преточат во строфа. Во онаа која Тамара од возбуда ја испуштила и не забележала. Како спонтан абортус да и се случил, а прокварела следниот ден. И ,се извинила, од се срце. И на сите главучи и нивни придружници присутни на прославата на газдата. И они следниот ден прокрвареле. Не знам дали и мицковистите прокрвареа или они мислат дека не им се забележува дека се трудни? Јбг, погневен ми беше статусот на фејзбук по ова прашање. Психологија е тоа- ќе го истресеш гневот и после си мирен, додека не се помириш со се што ти се сервира од севернава крчма. Како и на сите вас што се уште ве боли националното крчмење. За тие што не ги боли, малку подолу ќе им посветам малку простор. Ионака и вон време и вон простор се. Лебдечки земјани! Или сега и овде, веднаш. Анационални. Недостаток на црвени крвни зрнца, анемија, но цицаат крв ко луди. По националните. Веројатно и затоа. Психологија и медицина е тоа! Имаш мањак (сиц!) национална свест и идеш да им зујиш и да ги цицаш тие што ја имаат. А, може и ова е премногу простор за таквите. За нив, ако ви пречи таквото не/исполнување на државната химна е лажен патриотизам, заостанатост и неидење напред. Ко навиени роботи да се. Или, од оние што баш и не се наши, но прашање е и дали и свои се, ќе слушнете дека Гоце баш и не бил наш и ‘мењајте химната‘. Малку ги има, но гласни се и многу бре зујат ненаситни по македонска крв! Може и да се несвесни либерално -глобалистички слуги кои цицаат од крвта на својот род. Што убав израз имаше порано за таквите- петта колона беа. Сега се модерни и либерални а ние другите сме заостанати. Држава која не се снабдила со пипс, неопитроид или аутан, во опасност се ставила себеси- решето ја прават. Освен простор, веројатно и идеологија им припишав, на оние кои се`можат да проголтаат, да сварат. Желудникот им е центар на светот. Чиста езотерија. Стомакот како центар на материјалното, на пари на моќ. Што и да им спакуваш во ‘идеме напред‘, без минато, без историја, идентитет, име, ќе го проголтаат оти и онака истото ќе им иде само напред низ цревата. Така е, кога Универзум ти е стомакот.
Но, да им се вратам на нашите партиски позиција-опозиција испреплетени црева -Извинете,но така се договоривме! Не можеш да им го шитнеш за добрососедски односи Гоце, а да го воспеваш во национална химна. Не можеш да склепаш влада а платфорамата тиранска да не ја подметнеш како основа, иако во главата на Грујо беше била, да ти биде темел, затоа што без неа не ќе склепаше влада. И не можеш да молчиш додека тоа се случува, а да очекуваш да те сметаат за опозиција. И не можеш национална химна да имаш, кога бинационална држава како дивоградба клепаш. Особено пак, ако имаш народ, само на фб и на твитер, и по контактни емисии. А, ако го имаш и на улица ќе им пуштиш полиција по европски стандарди да го млати. И мирно кога ти покажува дека не се согласува со она со што сте се договориле! Е, не, ќе бидеш ко Грујо и ќе имаш полиција која ќе ја тепаат со бекатон плочки и педерски ќе ја фарбаат во боите на виножитото и ќе си ќути затоа што не сака да тепа свој народ. Така им кажале. А, овој народ не е твој и ќе го тепаш затоа што и полицијата си ја направил да не е на твојот народ. На граѓаните си направил да е, на оние што ти ракоплескаат што да и направиш. Додека не се зачукаат и тие во пајак!
Извинете, но така се договоривме!
Не би ме зачудило да е текстот веќе склепан. Се чека само на вистинскиот миг кога ќе ни го отпејат. Подготвени сме да го дочекаме на социјалните мрежи и контактни емисии, со гнев и лутина, за да не не боли желудникот. Не можеме се` да проголтаме и свариме , мора и да плукнеме и повратиме, блуеме. На социјални мрежи и контактни емисии, како во паралелен свет. Ако почнат масовно да не гонат за говор на омраза, па може и ќе искочиме пред она што им беше ‘ружна шампита‘ а сега им е посластица и отскочна даска за да зграбат што повеќе и за своите идни поколенија. Да се нафатираат и украдат што повеќе, па и ако ги фатат, да имаат за да подмачкаат, да потплатат. Ако не им помине со едно- извинете до небо и извинете од се срце. Ионака- нема да ви помине, се уште само по социјални мрежи има кој да им каже но не и да им се покаже. Се` уште. Енормно задолжување и држава, која на држава и онака не личи, под стечај. Територија –камп. Источната. Западната ќе иде напред во Албанија.
Извинете, но така се договоривме!
Се ми се чини дека се договриле, или по играта на случајот се договориле, промента на химната да биде во ‘мицково време‘. Како и Пописот. Ќе мора и он малку жешки костени да жонглира, да ги врти низ прсти и како во знак на молитва да ги држи и да им клечи и на албанските партии. Не може само да клечи на колена пред своето членство, да им цијука Македонија, а за ‘по надвор‘ истата да му стане ‘мојата земја‘, ‘нашата земја‘. Се испосра одамна, што би се рекло народно. Или,може? Тврдокорното членство, ќе му менува пелени. Она на кое може да му продаде магла а истото да мисли дека сонце македонско ги грее. Е, сегa што станало северно шудапрајш, реалност е тоа (sic!) Башка што придонесоа да се случи, но не им доаѓа и нив од г`з у глава, што е разбирливо кога задникот ти e во партија, а на истата задникот на Кале под концесија, под рентање..најдете подобар израз..мене ми дојде да одам да повраќам.
Со еден збор- на Заев му остана уште од опушокот да повлече и ајт ќе му го предаде на Мицковски! Извинете,така се договоривме! Извинете, но тоа што вие така сте се договориле, не не обврзува нас.
Ќе си исплукате и вие еден ден се што се проголтале подмачкано со пари,со привилегии, со функции. Дури и да сте биле уценети. Ако ништо друго-таков е законот на Универзумот.
Извинете, што сепак, ги бирав зборовите, не заслужувате!

Соња Манџук

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!