Скопје

Изгоре уште една поствоена барака во Центар – има ли позадина?

Во центарот на Скопје гореа напуштени бараки во близина на Тутунски комбинат, повредени лица нема, а пожарот зафати површина од 300 метри квадратни.

Првиот човек на пожарникарите во Скопје, командирот Ѕвонко Томевски, соопшти дека огнот целосно е изгаснат, а на терен интервенирале шест противпожарни возила и 20 пожарникари.

Надлежните сега испитуваат чие е земјиштето, односно изгорените бараки, како и дали земјиштето под нив е на ист сопственик.  Градоначалникот на општина центар Горан Герасимовски, рече дека до бараките кои гореа веќе се гради нов објект, за кој иако се уште не е побарана дозвола, според важечкиот ДУП има маркици за градба. Според него, причинители за пожарот се диво населени лица во напуштените бараки.

Поради гасење на пожарот за сообраќај беше затворен дел од булеварот „11 октомври“, односно од крстосницата кај Тутунски комбинат до крстосницата кај Црвен Крст.

Related posts

Leave a Comment