Рамалах – израелските власти забранија извоз на палестински земјоделски производи од окупираниот Западен Брег и ја блокираа Газа.
„Израелската армија веќе неколку дена не им дозволува на камионите да излезат од палестинските територии, а палестинските извозници се информирани дека веќе не можат да извезуваат земјоделски производи“, се вели во соопштението на палестинското Министерство за економија.
Израелските власти донесоа одлука на 2 февруари да го забранат извозот на производи од палестинската територија, а еден ден подоцна палестинската власт одговори со забрана за увоз на израелски земјоделски производи, пренесува агенцијата Анадолија .