ИтноСвет

Израел одлучи да ги запре ударите врз Газа

Бенјамин Нетанјаху

Израелскиот безбедносен кабинет одлучи да ги запре ударите врз Газа, пренесуваат израелските медиуми.

Не е прецизирано кога примирјето ќе стапи на сила, а „Канал 12“ известува дека треба да започне во 2 часот по локално време.

Состанокот на израелскиот безбедносен кабинет го свика премиерот Бенјамин Нетанјаху. Средбата заврши по три часа.

Контрадикторни извештаи се појавија во текот на неделата за можен прекин на огнот меѓу Израел и Хамас. Во средата, високиот официјален претставник на Хамас, Муса Абу Марзук, рече дека очекува прекин на огнот за еден или два дена.

Хамас потврди дека „симултан и меѓусебен“ прекин на огнот ќе започне во петок во 2 часот по полноќ, пренесува Ројтерс.

Related posts

Leave a Comment