Свет

Илјадници Американци протестираат против притворањето на Доналд Трамп

Илјадници Американци протестираат против притворањето на Доналд Трамп

 

Илјадници њујорчани го парализираа центарот на градот. Мавтајќи со знамиња, тие излегоа на улиците за да го поддржат Доналд Трамп поради неговото можно апсење.

Канцеларијата на окружниот обвинител на Менхетен се подготвува да го обвини поранешниот претседател во случајот за прекршување на финансирањето на кампањата. 

Ова предизвика огромен бран на бес кај поддржувачите на Трамп. Митинзите исто така ги зафатија Вашингтон, Орлнадо и Атланта.

 Самиот Трамп на социјалните мрежи порача дека ако биде уапсен, протестите мора да бидат мирни. И неговиот сопартиец Мајк Пенс го обвини судијата задолжен за случајот на политичарот за гонење, нагласувајќи дека мотивот е очигледно политички. 

Приказната околу Трамп веќе се нарекува обид да се оттргне вниманието на Американците од вистинските проблеми во земјата, особено од економските. Така, Илон Маск ја исмејуваше одлуката на американските власти да го приведат поранешниот претседател, додека земјата е среде банкарска криза.

 

 

Related posts

Leave a Comment