Македонија

Инспекторот Ѓорѓи Илиевски поднесе прекршочна пријава против Тетовскиот Универзитет и ректорот

 

Просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски покрена прекршочна  постапка против Тетовскиот Универзитет и  ректорот на универзитетот Вулнет Амети.

„Денеска беше закажано во 10 часот да дојдат. Истите не дојдоа и јас направив записник за порамнување, бидејќи не се тука и барање за поведување на прекршочна постапка до Основниот суд во Тетово. Понатаму, ќе поднесам, исто така и кривична пријава и до ЈО и до другите институции, надлежни за овие состојби кои се случуваат на Тетовскиот универзитет“, рече Илиевски на средбата со новинарите.

Инспекторот се пожали на нетранспарентност во процесот. Откако второстепената комисија одлучи дека тој не бил во право, Илиевски нема увид во нивниот втор надзор за унапредувањата.

Случајот со  незаконски стекнатите виши звања на тројца функционери од ДУИ  го разгледува и Антикорупциската комисија.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!