Култура Музика

Интервју со Димитра Цилевска – Поет,композитор и музичар,повод новата песна со наслов Ко Вонземјанец

 

Во потрага по квалитет во нашава ни мила Родина патот не нанесе во Битола,градот на конзулите.Битола одсекогаш била расадник за таленти на сите полиња во културата и уметноста.Таму ја сретнавме Димитра Цилевска полна со ведрина која се согласи да ни го раскаже својот сон кој често може да се насети во нејзината прекрасна поезија.Слушајќи ја нејзината последна музичка нумера Ко Вонземјанец,со својот нежен помалку меланхоличен глас ме потсети на Siouxsie and the Banshees од средината на осумдесетите години.

Димитра кажи ни нешто за себе :

Димитра Цилевска – то сум јас. Работам претежно програма по дома, инаку соработуваме со сличномисленици, дали било со свирење или размена на поезија.Јас сум едноставна личност која преку поезијата и музиката ги канализира своите поимања за светот околу нас.Често тоа се теми со кои ја опишувам мојата внатрешност или надворешниот свет околу мене. Сакам музика и сите начини на кои можеш креативно да комуницираш со светот.

Дали до сега твоите песни допреле до пошироката јавност ?

Досега сум издавала со Шарла, независна издавачка куќа од Скопје што покажа интерес за моите песни – со нив имав прилика и да изведам нешто во живо во Скопје.

Покрај поезијата ти си активна и на музичката сцена.Денес на твојот Јутјуб канал се појави твојата најнова нумера Ко Вонземјанец.

Песната Ко Вонземјанец е дел од проектот МАК МРАК, посветен на МАКОТ кој го создава мракот – всушност амбиентот на песните потекнува од желбата да се отслика опијатното чувство кое се раѓа гледајќи го бавното врвење на времето во една средина како нашата МАКЕДОНИЈА.Автор на музиката и текстот (и сѐ друго) сум јас.

Твоите планови за во иднина?

Во иднина не планирам ништо посебно, оставам времето само да развива. Единствено имам наумено да ги објавувам песните кои престојуваат во мојот компјутер. Често тоа се теми со кои ја опишувам мојата внатрешност или надворешниот свет околу мене. Сакам музика и сите начини на кои можеш креативно да комуницираш со светот.

Се надеваме дека во брзо време твојот несомнен квалитет ќе биде поттик за соработка со слични поединци или групи и дека набрзо ќе биде снимено твоето прво студиско видео и дека твојата креативност ќе биде достојно претставена во нашата држава а зошто и не пошироко.Ти благодариме за издвоеното време и ти посакуваме успех во работата и ветуваме дека како медиум ќе ти даваме секаква можна подршка пред се медиумска а се надеваме во скоро време и техничка.

 

Најновата нумера на Димитра погледнете ја тука

 

 

 

А еве и дел од нејзината прекрасна поезија :

 

 

размена

Ти биди мојата муза,

јас ќе бидам твојата поетеса.

Спаси ме од сивата зона,

наречи ме твоја,

скроти ми го бесот.

 

Твојот допир нека ми е вино,

секој твој поглед нека биде џин.

Да не барам зло, да не барам вина,

јас ќе бидам ќибритот,

ти биди мојот плин.

 

Јас ќе бидам твојата балада,

a ти тишината што следува.

Не се чувствувам мудра,

не се чувствувам млада,

но би била патот по кој ќе избегаш.

 

Незнам за спокој, незнам за мир,

но некогаш тоа ќе научам да бидам.

Под месечевата сенка,

во никотинските ноќи,

со твоите вибрации јас палаво ќе играм.

Loading...

Related posts

Leave a Comment