Фудбал

Интер мерка играч на Барселона

 

Нераѕурите сакаат да создадат тим кој ќе му парира на Јувентус во трката за Скудетото

Интер уште е во потрага по вистински засилувања со кои ќе успее да биде конкурентен во трката за титулата во Серија А. Според последните најави, Нераѕурите се фокусирале кон Артуро Видал од Барселона. Чилеанецот пристигна на „Камп Ноу“ пред една година и со својата борбеност стана еден од милениците на публиката.

Видал добиваше солидна минутажа, но се очекува тоа да не биде така во новата сезона, бидејќи конуренцијата во средниот ред стана уште посилна, па мора некој играч и да си замине од каталонскиот гигант. Шпанските медиуми шпекулираат дека токму Видал е на радарот на Интер.

Можно е Видал да дојде на „Џузепе Меаца“ како позајмен играч со опција да се откупи неговиот договор на крајот од сезоната.

Related posts

Leave a Comment