Свет

Ирански пратеник нуди награда од 3 милиони долари за ликвидација на Доналд Трамп

Фото: Танјуг / АП Фото / Еван Вучи

Иранскиот пратеник нуди награда од 3 милиони долари „за ликвидација на американскиот претседател Доналд Трамп“, објави иранската новинска агенција Исна.

„Во име на луѓето од провинцијата Керман, ќе платиме парична награда од 3 милиони долари на секој што ќе го убие Трамп“, изјави Ахмад Хамзех пред парламентот,  цитираше иранската агенција  Исна.

Хамзех не прецизираше дали одлуката за закана кон американскиот претседател Доналд Трамп ја донеле иранските верски водачи, забележува Ројтерс.Британската агенција посочува дека Керман е родно место на иранскиот воен командант Касим Сулејмани, кој беше убиен на 3 јануари во напад на беспилотни летала во близина на Багдад.

 

Related posts

Leave a Comment