Свет

Иран вели дека нема да преговара за своето право на збогатување ураниум и ракетна програма

 

Техеран нема да преговара за своето безусловно право на збогатување ураниум и ракетна програма, соопшти  Ројтерс повикувајќи се на ирански дипломатски извори.

„За Иранската балистичка  програма не може и нема да се преговара. Ние ја потенциравме јасно и отворено“, рече изворот.

Истиот извор, наводно, изјавил дека Техеран е подготвен да помогне во обезбедувањето на безбедноста во Заливот и да ги урне тензиите на Блискиот исток.

Изјавите следуваа по неочекуваната посета на иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед  Зариф, на францускиот град Биаритц, кој е домаќин на самитот на Групата седум. Веднаш по пристигнувањето, Зариф оствари разговори со неговиот француски колега, Жан-Ив Ле Дријан.

Иран со децении го развива својот одбранбен сектор, со сериозен напредок во програмата за балистички ракети. Во 2015 година, Иран претстави балистичка ракета Мешкат со дострел од околу 2.000 километри. На 22 август, Иран официјално го откри својот домашно произведен ракетен одбранбен систем Бавар-373, кој може да препознае до 100 цели истовремено и да ангажира шест цели истовремено.

Related posts

Leave a Comment