Свет

Иран ослободува британски танкер

 

Иранските власти го ослободиле британскиот танкер со нафта, Стена Имперо, запленет од Иранската револуционерна гарда во теснецот Ормус, јави Скај Њуз Арабија.

Танкерот беше заробен на 19 јули, откако не одговори на предупредувањата од елитните воени сили на Исламската Република .

Ерик Ханел, директор на шведската компанија Стена Бук, која е сопственик на танкерот, вчера објави дека танкерот наскоро може да биде ослободен и дека во прашање се часови.

Танкерот беше запленет две недели откако Велика Британија заплени ирански танкер во близина на Гибралтар, кој подоцна беше ослободен. 

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!