Свет

ИСЛАМСКАТА ДРЖАВА ГИ ПОВИКУВА МУЏАХЕДИНИТЕ: Извршете напади во Европа додека „крстоносците“ се борат меѓу себе!

ANALYSIS: ISIS Remains a Threat to Israel - Israel Today

Минатата недела терористичката организација „Исламска држава“ вети дека ќе се „одмазди“ за убиството на нејзиниот поранешен лидер, повикувајќи ги приврзаниците да го искористат вооружениот конфликт во Украина за да организираат терористички напади во Европа, пренесува денеска АФП.

– Објавуваме, потпирајќи се на Семоќниот, благословена кампања на одмазда за смртта на Абу Ибрахим ал Кураш – се наведува во аудио пораката која му се припишува на ИСИС и кружи преку социјалната мрежа Телеграм.

Абу Омар ал-Мухаџир, портпарол на групата, ги повика поддржувачите да продолжат со нападите во Европа и да ја „искористат можноста“ против крстоносците додека се борат еден против друг.

Поранешниот лидер на ИСИС почина на почетокот на февруари кога се разнесе за да избегне апсење за време на рацијата на американските специјални сили во северозападна Сирија, соопштија претставници на Пентагон на 10 март.

ИСИС ја потврди смртта на својот лидер, нарекувајќи го Абу Хасан ал Хашеми ал Кураши нов „калиф“.

Малку се знае за новиот терористички водач, кој е трет лидер на ИСИС од нејзиното основање, забележува АФП.

Од губењето на последната контролирана населба во Сирија во март 2019 година, остатоците од ИСИС главно се расфрлани низ пустината. Оттогаш, тие ги напаѓаат локалните курдски сили и сириските владини сили. Борците на ИСИС, исто така, продолжуваат да вршат напади во Ирак, додаде француската новинска агенција.

 

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!