Свет

Исламска држава советува : Не одете во Европа, мијте ги рацете – поважно е отколку да го нападнете Западот

Илустрација: Одговор / Забелин

Исламската држава усвои агенда за пандемијата на коронавирус, со која им препорачува на членовите на таа терористичка организација да не патуваат во Европа.

Групата, која обично ги советува своите припадници да извршуваат напади на Западот, сега ги советува „да се држат на страна од областите во кои има епидемија“.

Терористичката група го стави миењето на рацете пред нападите на Западот, наведува порталот Политико.

На членовите на Исламската држава им било советувано „да веруваат во Бога и да побараат заштита од болести кај него“, но и да ги покријат устите кога се прозеваат и киваат.

На оние што мислат дека се заразени им се советува да се држат настрана од провинциите контролирани од ИД за да го заштитат здравјето на другите.

Досега, неколку случаи на коронавирус се регистрирани во Африка, каде што оваа група е активна, а војните во тек оневозможуваат да се утврди дали вирусот се проширил во Сирија и Јемен.

Сепак, бројни случаи се потврдени во други земји, кои Исламската држава ги смета како дел од својот калифат, како Авганистан, Алжир, Египет, Индија, Индонезија, Ирак и Филипини.

Loading...

Related posts

Leave a Comment