Свет

ИТАЛИЈАНСКАТА ПРАТЕНИЧКА, САРА КУНИАЛ ПОВТОРНО БЛЕСНА : УАПСЕТЕ ГО БИЛ ГЕЈТС ЗА ЗЛОСТОРСТВО ПРОТИВ ЧОВЕШТВОТО

Sara Cunial e la possibile offesa al Capo dello Stato durante il voto del Dl lockdown: «Parlavo di Napolitano»

Во своето емотивно обраќање, таа ги повика колегите пратеници да се спротивстават на било какви планови за задолжителна вакцинација против коронавирусот

Италијанската пратеничка Сара Куинал, успеа да ја подигне играта околу теоријата на заговор на сосема ново ниво, користејќи ја нејзината парламентарна привилегија да го обвини Бил Гејтс како „злосторник за вакцинација “ и глобалистичко оружје.

Откако пред неколку недели ги запали медиумите низ целиот свет со нејзиниот настап во италијанскиот парламент кога и порача на италијанската влада дека Еден, ќе мора да објасни зошто ја жртвувала Италија на олтарот на глобалистите, таа во аргументирана и жестока осуда минатата недела, одржа говор што ретко (ако и неккогаш воопшто) се слуша во кој било парламент.

Во своето емотивно обраќање, таа ги повика колегите пратеници да се спротивстават на било какви планови за задолжително вакцинирање од коронавирус . Ваквите напори ги наметнуваат корумпираните елити – длабоката држава – тврди таа, вперувајќи го прстот кон Бил Гејтс како еден од главните виновници кој стои зад движењето за вакцинирање, ако не и зад самата пандемија.

„ Бил Гејтс со децении работи на политиката за депопулација и плановите за диктаторска контрола врз глобалната политика, со цел да стекне примат во земјоделството, технологијата и енергијата “, рече таа.

Како позната противничка на вакцинацијата, таа го издвои Гејтс како негативец, пред се заради кампањите за вакцинирање што неговата фондација со години ги спроведува во помалку развиените земји.

Додека смело го обвини милијардерот дека стерилизира милиони жени во Африка и парализира стотици илјади деца во Индија, таа исто така посочи на ГМО и 5Г технологијата, како дел од неговите „гревови“.

Италијанската политичарка исто така остро ги критикуваше мерките за заштита од коронавирусот, кои нејзината земја меѓу првите ги воведе. Според неа, изолацијата служи на глобалистичката агенда, додека Италијанците беа предмет на „светото експериментирање на лажната наука“.

– Нашите деца ќе изгубат повеќе, тие се „силувани души“ – додаде таа.

– На овој начин, правото на образование ќе биде возможно само со дигитални нараквици со цел да се искористат за проби, како би ги  навикнале на ропство и присилен третман – рече таа.

Вистинската цел на сето ова, според неа, е целосна контрола.

– Апсолутна доминација над човечките суштества, претворена во заморчиња и робови, нарушувајќи го суверенитетот и слободната волја – посочи пратеничката.

Кога се обидоа да ја прекинат на говорницата, претседателот на парламентот го спречи тоа, соопштувајќи дека „секој има право да го искаже своето мислење во слободниот парламент“, а потоа тој доби силен аплауз.

Откако и беше дозволено да го заврши својот говор, таа отиде уште подалеку, молејќи го италијанскиот премиер да го предаде Гејтс на меѓународната правда, освен ако и самиот Џузепе Конте не е дел од глобалниот заговор на „длабоката држава“.

„Следниот пат кога ќе добиете телефонски повик од филантропот Бил Гејтс, препратете го директно до Меѓународниот кривичен суд за злосторства против човештвото“, рече Сара.

 

 

Loading...

Related posts

Leave a Comment