Свет

Италијански виролог : СЗО не измами, требаше да направиме тотално затварање

Илустрација: GettyImages / Emanuele Cremaschi Stringer

Италијанскиот виролог Андреа Крисанти оцени денес дека на почетокот на епидемијата на корона вирусот требало да се направи целосно затварање.

Тој укажа на фактот дека и пациентите без симптоми се подеднакво заразни.

Тој рече дека Светската здравствена организација првично на лекарите им дала целосно погрешни индикации, па затоа вниманието било насочено само на лицата со симптоми и на оние со сериозни респираторни проблеми, на лица кои имале контакт со Кина или на болни луѓе.

„Тоа нè забави многу, не знаевме дека постојат и пациенти без симптоми, ако го знаевме тоа, ќе се однесувавме поинаку“, додаде Крисанти.

Тој оцени дека Италија не е подготвена да ги укине рестриктивните мерки затоа што не е направена проценка на ризик и недостасува најважниот елемент, а тоа е вистинската бројка на заразени лица.

Она што е погрешно направено, според неговите зборови, е миксот на бирократија, политика, конфузија во управувањето со епидемијата.

Крисанти смета дека големи проблеми ќе постојат сè додека различни земји ќе спроведуваат различни мерки.

„Секоја води своја политика, имен една земја се повикува на природна борба против вирусот, друга има послаби мерки, третата посилни … Се додека е така, ќе имаме големи проблеми а и многу големи последици во иднина. Секоја земја донесе одлука сама за себе и тоа ќе има свои последици. Што се однесува до Италија, таа го достигна климаксот на епидемијата на 27 март и ако за една недела не видиме дека се наамалува бројката на починати, тогаш ќе мора многу силно да се грижиме “, заклучи Крисанти.

 

Loading...

Related posts

Leave a Comment