Свет

Италијански Манифесто : Кина, САД и Франција експериментираа со опасни вируси во ВУХАН

Salgının başladığı Çin'den turizm raporu: Turistler en çok Vuhan'ı ...

Постојат и тоа какви „вирус врски“ со Вухан, пишува италијанскиот весник „Манифесто“ и го нуди своето објаснување зад размената на обвиненија и контра-обвинувања меѓу Вашингтон и Пекинг за потеклото на вирусот „Ковид “19, за кој повеќето научници веруваат дека е од природно потекло, а не дека е последица на лабораториски експеримент,

„Постојат и тоа какви „вирус врски“ со Вухан, но се чини дека тие врски никој не им ги соопштил на американскиот претседател Трамп и неговиот советник Мајк Помпео, кои ја обвинуваат Кина за „производство“ на Ковид19 “, пишува весникот.

Манифесто тврди дека постојат докази за милиони долари и соработка меѓу Франција, САД и Кина во лаборатории каде експериментите со животински вируси биле спроведувани под максимални безбедносни мерки.

На некои од овие експерименти, поранешниот американски претседател Обама стави четиригодишен мораториум, но експериментирањето продолжи со целосна поддршка на Ентони Фаучи, кој е шеф на американската епидемиолошка служба веќе 40 години, се вели во весникот.

Американците и Французите со години финансираа експерименти со вируси, дури и оние кои не беа дозволени во нивните земји.

Според весникот, сето тоа започнало во 2004 година, кога Французите финансирале изградба на лабораторија во Вухан со максимална сигурност за истражување на вируси на животни. Кинеските експерти со години се обучуваат во француските институти како ,,Жан-Мерикс” (Jean-Merieux) во Лион и со помош на iинститутот ,,Санофи Пастер”, најголемиот производител на вакцини во светот.

Во 2017 година беше пуштена во уотреба лабораторијата во Вухан, но околу 50 француски експерти не беа присутни, иако меѓу двете земји беше договорено ушество на француски истражувачи. Откако испаднаа Французите, Американците се вклучија во проектот, а според Ил Манифест, водач на операцијата беше токму Ентони Фаучи, човек кој е „експерт за вируси, но и за моќ“ , а кого од местот советник, Претседателот Трамп сакаше да го отпушти пред неколку недели.

И ова е таа  „ Вуханска врска“, според пишувањето на Ил Манифесто : Фаучи, како директор на Националниот институт за алергии и заразни болести (Ниаид), финансира проект за вируси, токму во Институтот Вухан со 3,7 милиони американски долари во 2019 година.

Но, пред тоа, САД инвестираа 7,4 милиони американски долари во истражување на вируси во Вухан.

Истражувањето во кинеската лабораторија беше под раководство на д-р. Ши Женг Ли, „докторката за лилјаци“ како што беше крстена од медиумите, која се специјализираше во лабораториите во Монпелје и Лион.

Соработката САД – Кина во лабораторијата Вухан требаше да продолжи оваа година, како што пишува весникот, токму на истражувањето на мутациите кај животинските вируси кога ги напаѓаат луѓето. Проектот е запрен дури на 24 април, кога Трамп, Макрон и Меркел започнаа да ги обвинуваат Пекинг и СЗО за наводна нетранспарентност за пандемијата.

Но, лошата транспарентност на податоците може да им се припише и на западните научници кои беа критикувани од некои американски научници затоа што „американско-кинеската соработка исто така вклучувала генетска манипулација со висок ризик вирусот да избега од лабораторијата“.

Таа можност, пишува италијанскиот весник, целосно ја исклучува др. Џона Мазет, американски епидемиолог, која тврди дека не дошло до грешка и дека и таа самата соработувала и разговарала лично со кинескиот партнер, Др. Ши Женг Ли, која раководи со една од лабораториите во Вухан.

Американската научничка никогаш лично не ја посетила кинеска лабораторија, како ниту нејзините француски колеги, но тврди дека „разговарала со доктор Ши Женг Ли, која ја уверила дека никој не го идентификувал Ковид19 пред да експлодира пандемијата“.

Според пишувањата на Манифесто, приказната е „малку поинаква“ од официјалната: Французите а потоа и Американците сакаа во Кина да прават експерименти од висок ризик, кои токму поради тоа беа забранети а многу научници се спротивставија на ваквите експерименти.

Весникот заклучува дека во моментов не можеме да кажеме со сигурност што навистина се случило во Вухан, но едно е сигурно, пишува весникот: Само со пандемијата „Ковид19“ излезе на виделина вирус-врската од Вухан.

Loading...

Related posts

Leave a Comment