Регион

Италија : Протеран албанец опасен за националната безбедност

Италијанските власти протераа албански државјанин, откако беше оценето дека претставува закана за националната безбедност.

Станува збор за Флоријан Сарачи (32), кој според А1он, е поврзан со исламскиот радикализам.

Тој е албански иселеник кој живеел во Вилорба кај Тревизо.

„Од 2017 година, италијанскиот сектор против тероризмот го следел Сарачи како личност вклучена во исламскио радикално движење, поврзана со странски религиозни здруженија активни во провинцијата Венеција“, објави Ора вести.

Како што додава весникот, од март 2018 година, тој се откажува од својата ѕидарска професија и го менува својот животен стил, со муслиманска облека и брада.

Според истиот извор, во февруари 2019 година, италијанскиот суд го осуди на една година затвор за малтретирање и насилство врз неговата сопруга и ќерка.

Тој додаде дека ја принудил сопругата да носи само муслиманска облека и да оди во џамија.

Градоначалникот на Тревизо, наводно, ја отповикал долгорочната дозвола за престој и потпишал наредба за протерање на Сарачи во Албанија како „лице опасно за националната безбедност во земјата“.

Во текот на средината на минатата година, италијанските власти протераа четворица осомничени терористи, меѓу кои и еден Македонец, пренесува А1он.

Related posts

Leave a Comment