Свет

Лавров: Руска реакција на секој чекор на Америка

IDENTIČNA REAKCIJA, KAO U OGLEDALU! Lavrov: Rusija će odgovoriti na raspoređivanje balističkih raketa od strane SAD

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Русија нема да се двоуми да одговори ако Соединетите држави распоредат балистички ракети.

Сергеј Лавров изјави дека доколку тоа се случи, тоа ќе доведе до реципрочна реакција од Русија.

„Ќе имаме реакција за секој чекор“, рече Лавров во Рим, соопшти Ројтерс .

Русија предложи мораториум за распоредување на нуклеарни ракети со среден и краток дострел во Европа.

Руската државна дума донесе закон со кој се суспендира договорот за ликвидација на ракети од среден и краток дострел кон средината на јуни.  

Со законот се предвидува дека Русија еден ден ќе може да го врати суспендирањето на обврските од договорот за ликвидација на ракети од среден и краток дострел (ИНФ), доколку тоа го побара претседателот на државата Владимир Путин.

Договорот за ликвидација на ракети со краток и среден дострел (ИНФ) првично беше потпишан од тогашниот Советски сојуз и САД во 1987 година и стапија во сила во 1988 година.

Related posts

Leave a Comment