Свет

Италија, хакери ги урнаа системите на компанија која работи со закажување вакцинција

Hacking Into a Hacker's Mind | eSilo - Data Backup For Small Business

Хакерите ги нападнаа и уништија ИТ системите на компанијата што се занимава со закажување вакцинација против ковид -19 во регионот Лацио во близина на Рим, пренесува Ројтерс.

Регионалната влада објави на Фејсбук дека е во тек „жесток хакерски напад врз регионалната база на податоци“.

Таа наведе дека сите системи се оневозможени, вклучително и порталот посветен на здравството и вакцинацијата, и предупреди дека вакцинацијата може да се одложи, пренесува Ројтерс .

Регионалниот здравствен менаџер Алезио Д’Амато истакна дека ова е многу сериозен хакерски напад.

Властите во Италија го истражуваат целиот случај. 

Италија неодамна  донесе одлука да воведе задолжителен сертификат за вакцинација или прележаност за „Ковид-19“  со цел граѓаните да можат да присуствуваат на речиси сите настани.

Мерката предизвика протести кај граѓаните ширум земјата, кои  негодуваа поради воведувањето на „зелената пропусница“ .

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!