Македонија

И лимени покриви летаат и стриопор фасади паѓаат, само одговорноста стоо

Веќе и не е вест, не е ништо ново и при најмало невреме во Скопје да полетаат лимени покриви или откорнати дрвја да паднат врз паркирани автомобили. Невремето што синоќа го зафати Скопје, со ветер кој  достигна брзина и од над  70 километри на час, несомнено предизвика голема материјална штета, но им даде и прилика на политичките опоненти да поведат меѓусебна битка во играта за собирање на политички поени. Но и тоа не е ништо ново.

 

Ново би било кога би се повикало на одговорност, на конкретна одговорност на градежните фирми и изведувачи или тоа спаѓа во доменот на градежната мафија, на наместени тендери од типот -овој е наш, тој беше нивен а ние сме исти и мито и корупција ни се заеднички  братучеди и си градиме фушерајски.

„Освен што е криминален, кичерајски, болноумен и слично, проектот ‘Скопје 2014’ е и небезбеден за животите на луѓето“, ‘испука‘ Шилегов на денешната прес-конференција.

Прд тоа стигнал  да објави фотографии од паднати фасади и кровови на објекти од ‘Скопје 2014‘ на Фејзбук.

Советниците на  на ВМРО-ДПМНЕ ( патем, кога промената на името на нивната партија ќе им стане реалност?)  во Град Скопје, веднаш ‘испукале‘ реакција: ‘Петре Шилегов наместо да води евиденција кој кров во чие време е изграден, нека засука ракавите и нека го среди хаосот во кој ги остави Скопјани.Оштетени се повеќе кровни конструкции меѓу кој и на повеќе средни училишта под надлежност на Градот Скопје. 3 години се апсолутна власт и немаат никакво оправдување за својата неработа, но и за политиканството за некакво барање одговорност пред три години.Тоа е признание дека ништо не сработиле овие три години. Скопје вчера го преживеа невремето и тоа е помала грижа во споредба елементарната непогода викана Петре Шилегов и Зоран Заев“, се наведува во соопштение.

За голем дел од граѓаните нивните обвинувања и препукувања се веќе крајно здодевни па дури и навредливи по прашање на нивната интелигенција.

Најпопуларна објава на социјалните мрежи денес:

 

 

 

Loading...

Related posts

Leave a Comment