Свет

И Макрон се сомнева во постапките на Кина со коронавирусот

И Макрон се сомнева во ракувањето со коронавирусот во Кина

Францускиот претседател Емануел Макрон оцени дека во Кина има „замаглени области“ во врска со пандемијата на коронавирус, кажувајќи за „Фајненшл тајмс“ дека „ јасно има работи што се случиле за кои не знаеме“.

„Да не бидеме наивни“, рече тој за тоа како Кина се справувала со ситуацијата, „ние не го знаеме тоа“.

Францускиот шеф на државата на тој начин им се придружи на сомнежите изразени од Лондон и Вашингтон.

Велика Британија денес ја предупреди Кина дека треба да одговори „тешки прашања за појавата на вирусот и зошто тоа не е запрено порано“.

Администрацијата на Трамп го обвини Пекинг за „криење“ на сериозноста на епидемијата при нејзиното избувнување во Кина и во вторникот го замрзна финансискиот придонес на САД во Светската здравствена организација, обвинувајќи ја дека ја држи страната на Кина.

Русија спротивно на тоа, вечерва интервенираше во одбрана на Пекинг.

Рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор со неговиот кинески колега Си Џинпинг изјави дека се„контрапродуктивни“ обвинувањата дека Пекинг шири дезинформации за новиот коронавирус.

Loading...

Related posts

2 comments

DLM 17/04/2020 at 15:09

Конечно може да се постави прашањето: – дали под маска на коронавирусот, земјите на ФУКУС+Г се подготвуваат да ја нападнат Кина? или уште подобро -дали ќе ја напднат?
Одговорот верувам го знаете, … само не знам зошто на копуците од Македонија им одговара едно такво сценарио?
Во секој случај Кина и сите кои се против злото на планетата, а тоа се земјите ФУКУС+Г, ја имаат мојата поддршка и мојот глас, а баш би сакал овие гниди конечно да направат нешто и си го добијат онака како што заслужуваат -време е да платат за сите злосторства како и за геноцидот врз Македеонците и Македонија, ќе ми биде мило ем драго!

Reply
DLM 17/04/2020 at 15:13

појаснување:
во врска со копуците, се однесува на демонкрати-атлантисти всушност квислинзи и платеници кои јавно заговараат и повикуваат монструмите од запад ја нападнат Кина – шират синофобија, таквите копуци би ги пратил во првите редови тоа го заслужуваат.

Reply

Leave a Comment