Македонија

И Меркел му кажа на Заев НЕ за датум !

 

Не се добри шансите за постигнување согласност на Самитот на ЕУ за давање датум за почеток на преговори со Северна Македонија. Ова е оценката на германската канцеларка Меркел во владината изјава дадена денеска во Бундестагот пред да отпатува во Брисел.

Таа рече дека се изградени мостови кон ЕУ-партнерите, кои се уште имаат задршки кон почетокот на пристапни преговори и инсистираат на поголема транспарентност на процесот на проширување.

Ние се залагаме за преговори, и покрај транспарентниот и подобар процес кој се бара, но верувам дека Албанија и Северна Македонија се вредни да имаат европска перспектива. Ќе ја поставиме оваа дебата во Европскиот совет, ќе ги уверуваме и оние кои не се уверени, но морам да кажам дека шансите за постигнување согласност не се добри, рече Ангела Меркел, канцелар на Германија.

Related posts

Leave a Comment