Свет

И покрај заканите од Вашингтон Ердоган вели дека снабдувањето со С-400 може да започне во првата половина на јули

 

АНКАРА, 16 јуни. Добавувањето на ракетните одбранбени системи  С-400 до Анкара ќе започне во првата половина на јули, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган пред новинарите по враќањето од самитот на Конференцијата за интеракција и мерки за градење доверба во Азија (ЦИКА) во Душанбе , Таџикистан.

“Разговаравме со Русија за прашањето на С-400, ова е затворено поглавје, немаше никакви проблеми, мислам дека испораките ќе започнат во првата половина на јули”, рече Ердоган, според телевизискиот канал НТВ.

Анкара не планира да се откаже од својот договор со С-400, истакна Ердоган. “Ние го ставивме нашиот потпис, ќе го исполниме она што го започнавме. Како дел од заемот, Русија ни даде разни бенефиции и ни даде заем со такви каматни стапки кои не постојат на меѓународниот пазар”, објасни тој.

Турското Министерство за одбрана подготвува одговор на писмото испратено од страна на в.д. американскиот секретар за одбрана, Патрик Шанхахан, по одлуката на Вашингтон да го суспендира учеството на Турција во програмата за обука на турски пилоти во САД на бомбардерите на Ф-35, во пресрет на С-400 договорот. “Многу наскоро, можеби и оваа недела писмото ќе биде испратено до [американската страна]”, рече Ердоган.

С-400 договор

Првите извештаи дека Русија и Турција разговараа за снабдувањето со С-400 се појави во ноември 2016 година. Москва потврди дека договорот е потпишан во септември 2017 година. Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, рече дека распоредувањето на С-400 системите започнува во октомври 2019 година. Според Сергеј Чемезов, генерален директор на руската државна корпорација Ростек, цената на договорот е 2,5 милијарди долари. Турција е првата земја-членка на НАТО која ги купи овие ракетни системи од Русија. САД енергично се обидуваат да го оневозможат договорот со С-400. Претходно Вашингтон ја предупреди Анкара дека ако се спроведе договорот со Русија, САД нема да ја  снабдуваат Турција со своите бомбардери Ф-35 .

С-400 Tриумф е најнапредниот ракетен систем за противвоздушна одбрана со долг дострел, кој стапи во употреба во Русија во 2007 година. Тој е дизајниран да ги уништува авионите, крстосувачките и балистичките проектили, вклучувајќи и проектили со среден дострел, а исто така може да се користи против земјани инсталации. С-400 може да ангажира цели на растојание од 400 км и на надморска височина од 30 км.

Loading...

Related posts

Leave a Comment