“Ако жената не го почитува нејзиниот сопруг, никој не го почитува. Ако нешто не ви се допаѓа кај вашиот сопруг – прво пронајдете причина за тоа во себе. Нему му недостасува машкост токму онолку колку што вам ви недостасува женственост. Зад секој голем човек секогаш постои жена која верува во него. И вистински го сака. “
Моќта на една жена е огромна и нејзиното влијание врз мажот е безгранично. Всушност, жената го “прави” маж. Ги открива и ги развива неговите квалитети, а некои ги сузбива. Најчесто, тоа го прави несвесно, користејќи сценарија од генетска меморија и семејни искуства.
Ако татко и беше успешен, таа ќе го охрабри својот маж да постигне успех. А ако татко и беше губитник, силеџија или алкохоличар – несвесна форма ќе доведе до колапс на семејството.
Проблемот е во тоа што жените не ја сфаќаат својата сила и не посветуваат доволно внимание на своите мисли и дела, не се свесни за нивната моќ и способност да влијаат врз нивните сопрузи.
Ако бевме родени со волшебно стапче, мала е веројатноста дека ќе мафтавме со него без врска, но ќе се запознаевме со “алатката” што ја поседуваме и би ја користеле мудро, нели?
Ајде да видиме што може една жена да му направи на мажот и како може да влијае врз неговиот карактер и постапки.
Како жената размислува за нејзиниот сопруг, тој станува таков. Кога ги гледа само недостатоците – тие се размножуваат секој ден, а потоа дури и оној кој има огромен потенцијал да биде добар сопруг, станува сличен на некои од животните на фармата, и добива епитети како – говедо, свињо, магаре, коњ … серијата може да продолжи, за жал, со примери од околината.
Негативно влијание на жената врз сопругот
- Ако жената не го почитува нејзиниот сопруг, никој не го почитува. Ни роднини ниту пријатели или колеги. Можеме да кажеме дека жената на челото на нејзиниот сопруг “печати” збор што го карактеризира. И според овој збор со него почнуваат да градат односи другите луѓе. Значи, жената без размислување “испишува” некаква мизерија со постојан маркер, а потоа се чуди на резултатот
- Ако жената не му верува на нејзиниот сопруг и не го отвори срцето – никој нема да му верува. Дури и ако е целосно достоен за таква доверба, тие секогаш ќе се сомневаат во тоа. И како тогаш можете да се надевате на покачување на платата, унапредување или перспектива?
- Ако жената е секогаш незадоволна, сите во семејството стануваат незадоволни. Тие нема да ја сакаат ниту куќата или станот, ниту пак ќе им се допаѓа вечерата или облеката. Дури и родителите ќе изгледаат погрешно.
- Ако една жена мисли дека може да најде подобар сопруг, тоа е првиот чекор кон машката неверност. Велат дека секогаш прво изневерува жената. Сепак, таа прво го прави тоа само ментално, а потоа мажот изневерува физички откако неговата жена му дала дозвола да мисли дека тој не е најдобар.
- Ако жената е со шкрто срце и не сака да се грижи за нејзиниот сопруг , загревајќи го со својата љубов и смирувајќи го, тој бара утеха во алкохолот и дрогата.
- Ако жената не му дозволува на сопругот да се приклучи на машките “работи” – дружење со пријателите, спортски автомобили … и слични (по мислење на жената) глупости, мажот ќе бара релаксација во алкохол, компјутерски игри, муабетење, обложување и други не многу конструктивни активности.
- Ако жената не му го отвора своето срце на нејзиниот сопруг, тој станува алчен и скржав. И тогаш не вреди да очекуваме од него ни снег ни зима, а камоли цвеќе (ниту пак во пролет). Во моментот кога жената го затвора пристапот на нејзиниот сопруг кон своето срце, тој го затвора пристапот до неговиот паричник за неа.
- Ако жената е премногу самостана – се може сама и никој не и треба – нејзиниот сопруг станува неодговорен. Дури и ако претходно бил одговорен,и тоа не само за себе, се чини дека ја губи вештината,се опушта и се соединува со креветот.
- Ако жената е чувствителна и лесно навредлива, мажот постојано ќе биде гневен. Лутината се манифестира на различни начини – било надворешно или преку самоуништувачко однесување, или како болест …
- Ако жената ментално го измамuva својот сопруг, тој ќе стане шкрт. Зошто тој би трошел пари на жена која утре ќе најде друг и ќе си отиде?
- Ако жената не го слуша нејзиниот сопруг додека зборува, постојано се кара и препира, нејзиниот сопруг престанува да биде маж. Станува неодговорен и меланхоличен, слабо и “никаков”.
- Ако жената редовно врши вербално насилство врз нејзиниот сопруг– на пример, врескајќи кон него, навредувајќи го и така натаму, тогаш мажот има “две” опции:
- тој станува кукавица, не се жали, со целосно скршена волја и повредено машко его.
- Тој, исто така, почнува да врши насилство над неговата сопруга – почесто во физичка смисла.
- Ако жената е премногу активна во надворешни активности , нејзиниот сопруг станува пасивен дел од мебелот пред телевизорот. иако порано бил, на пример, прилично успешен бизнисмен.
Најважното нешто што сакам да го пренесам е следното:
Ако не ви се допаѓа вашиот сопруг – пронајдете прво причина за тоа во вас.
Овој потфат бара и време и енергија.
Запрашајте се: “Каква би била ако бев маж?”
Дали сте сигурни дека сакате да знаете? – Потоа погледнете го својот сопруг! Би биле точно таква!
Нему му недостасува машкост токму онолку како што вам ви недостасува женственост.
На пример, вашиот сопруг пие. Тогаш вашата главна работа е прифаќање. Прифаќајќи го фактот дека тој има право да го уништи своето здравје, ако сака. Веројатно зборува за вашата емоционално студенило во врска со тоа. Можеби му недостига поддршка и охрабрување.
Или мажот не сака да работи. Можеби работите премногу напорно и не го слушате. И нема поента да го размрдувате или да го замајувате, или да му закажувате интервјуа за работа. Дури и ако оди на работа, со такво размислување и став, најверојатно нема да добие работа или ќе ја задржи работата за кратко време (во стилот на “барање работа, но молејќи се на Бога да не ја најде”). Затоа, ние треба да се промениме себеси.
Зошто човекот лежи на каучот? Бидејќи таму е турнат и оддалечен од страна на жената која е во стрес. Жената под стрес е како ураган кој брише сè на нејзиниот пат и, да остане жив ‘, мажот се прилепува со каучот.
Ако вашиот сопруг не ви помага со децата – размислете дали го сметате за добар татко, достоен во иста мерка да го сподели воспитувањето на децата или може имате проблем со тоа децата подеднакво да ги сакаат мајката и таткото, или можеби сакаш да бидеш центарот на универзумот на вашето дете / деца.
Можеби сте одбиле негова помош со тоа што сте му укажале дека децата не се добро облечени, или пелените не се променети како што треба, или бебешкот шише е несоодветно стерилизирано или нешто слично, со што сте му дале до знаење дека го сметате за лош / или несоодветен за улогата на татко …
Апсолутот е невозможно да се измами, ни го дава токму она што ни е потребно за раст и развој. Родителите, децата, браќата и сестрите не можат да се изберат. Единствено можеме да научиме само како да ги прифатиме.
Со мажот / мажите е поинаку. Постои илузија на избор. Постои чувство дека би можел да биде различен, подобар.
Сепак, тоа е само привидно – брачните другари исто така ни се дадени од Бога. Како инаку би се сретнале и заљубиле? Како од толку многу луѓе на планетата и толку многу различни средби се откривте баж еден со друг и се вљубивте?
Ако Бог ви дал сопруг, тогаш тој ви го дал токму она што ви треба. Зошто и поради што – вреди да се размислува. А што ќе направите со овој “подарок” – тоа е ваш избор и ваш простор за креативност.
Грижете се еден за друг!
Секогаш можеш да се обвинувате еден со друг и да барате раска во окото на својот брачен другар. Или може да смогнете сила и храброст и да ја видите гредата во сопствените очи.
Дури тогаш, со бистар поглед, ќе можете да ја видите личноста до вас – човек. И дека во него ома многу добро. И можеби ќе сфатите дека колку ги трпите неговите недостатоци, толку тој ги трпи твоите.
На крајот на краиштата, жените се многу посилни, повешти по пшрашањето на меѓучовечките односи, кде што жените се приоритет. Поради нејзините хормонални и енергични флуктуации, жената создава силни бранови и прави бура, а мажот има огромен предизвик да плива во нив, а сепак да извршува други животни функции и должности …
Затоа, во интерес на жените е овие бранови да не го потонат или исцрпат мажот; за вашиот маж да напредува и да ви овозможи повеќе, најмалку што можете да направите е да му обезбедите сигурно пристаниште и мирно море.
Чувајте се еден со друг! Толку многу енергија се троши бесмислени кавги во рамките на семејството, а таа скапоцена енергија, може да се користи за работа, напредок, да се создаде хармонија, љубов, подигнување деца … за одржување на здравјето, за конструктивни заеднички активности, на подарување внимание на пријатни изненадувања …
Загубата на енергијата во кавгите е огромна. Не ја губи својата сила залудно. Научете како да љубите.
На почетокот е тешко. Потребно е време, сила, трпеливост, кршење на блокади и лоши стереотипи. Дајте си време, соберете храброст да излезете од вообичаените шеми, тоа е најдобрата инвестиција што некогаш ќе ја направите – научете да љубите, дајте и примате љубов и отворете го своето срце. Дајте си го на себе и на вашите најблиски најубавиот подарок – срце полно со љубов.
Сакајте ги мажите. Навистина им треба вашата љубов, дури и ако никогаш тоа не го признаат. Зад секој голем човек секогаш постои жена која верува во него. И навистина го сака.