Македонија

“Како мислите на апостолот Делчев станаа екстремизам“(ВИДЕО)

Денес на гробот на Апостолот освен претставници на власта и индивидуалци од ДПМНЕ( слободна режија) немаше претставници од ниту една политичка партија, освен Родина Македонија.
Или да бидам прецизен, освен нас немаше претставници на македонските партии, кои ако не се лажам се околу 70 на број. Но затоа имаше бугарски преставници.
За мене фрапантен беше моментот што за разлика од други години никој не кажа збор за великанот. Немаше комеморативен говор. Го оставаа цвеќето и си заминуваа за 2-3 секунди.
На самото поклонение јас одржав мал говор-Благодарност до Делчев и благодарност до Бога што сме Македонци. Тоа го снимија најмалку пет телевизии и уште толку портали, никој ништо не пренесе.
ЗОШТО?
Но затоа некој новинар со бугарски акцент ми дофрли дека говорот ми бил Екстремен и Националистички.
А јас само го цитирав апостолот…
Томче Ширков

Related posts

Leave a Comment