Македонија

Калоѓера до македонските политичари: Ако ја продавате државата за неколку златници, кажето го тоа веќе еднаш, мајку ви!

 

Најпрво ги повикувам Македонската академија на науките и уметностите, Институтот за македонска литература, Институтот за македонски јазик и Институтот за историја да реагираат на изјавите на потпретседателката на Бугарија во Битола.

Се согласувам со г-ѓа Јотова дека нема поубаво шеталиште од битолското. Останатото што го кажа е чиста провокација, дрскост и не верувам дека е толку глупава и невистина, се вели во реакцијата на професорот Горан Калоѓера, основач на лекторатот за македонски јазик во Риека и дописен член на МАНУ. Тој реагира на изјавите на Илијана Јотова за време на нејзиниот неодамнешен престој во Битола.Како прво, мислам дека г-ѓа Јотова нема поим што е ренесанса. Второ, ренесансата како стилска формација не постоела ниту во бугарската, ни во македонската литература. А да се нарече Битола центар на бугарската ренесанса не е само провокација и дрскост, туку и историска лага. Госпоѓата очигледно мислела на преродба, а во тоа згрешила. Битола отсекогаш бил ‘град на конзулите’ толерантен град и таму да се вкорени (почне) бугарската преродба, тоа е, да ми извините, пиздарија од светски размери, како и изјавата за Зборникот дека е дело на бугарските преродбеници. Немам намера да ги оспорувам глупостите на потпретседателката на Бугарија, бидејќи нејзината цел е очигледна – како и на целата бугарска елита – да ја симне од тронот Македонија како држава, да ја дебугаризира и да уништи сѐ што е македонско. Како по ѓаволите може да поминат овие провокации без да се реагира? Јас не сум последниот „мохиканец“ кој ги брани македонските интереси и прашање е до кога ќе го правам тоа. Ако Македонија е веќе толку евтина, ако нејзините политички структури се склони да ја продадат државата за неколку златници, тогаш направете го тоа веќе еднаш мајку ви, да знаеме на што сме. Јас сум лут како рис и тоа не ми треба“, напиша на својот фејсбук-профил Горан Калоѓера.

 

Related posts

1 comment

DLM 21/11/2022 at 19:24

кхм, интересно но и Калоџера, како и скоро сите во Македонија, прави погрешна почетна теза! (да не речам има искривена перцепција)
Токму заради таквата грешка тој продолжува во стилот се “обраќа“ до институции кои не постојат (МАНУ стана АНУС, тие институтите се инструмент на етноцид врз Македонците итн итн).
Погрешната теза-перцепција е во тоа што упорно одбиваат да ги наречат работите со вистинските зборови, а тое е дека Македонија е окупирана земја. Окупирана пред многу години официелизирано со државниот удар од 2017.
Знам дека ви е тешко да ја прифатите реалноста и колку повеќе одбивате да ја прифатите толку потешко ќе ви биде и се одалечувате од Македонија!

Reply

Leave a Comment