Македонија

Кастриот Реџепи: Мое право е каде ќе престојувам

Пратеникот Кастриот Реџепи на прашањето на „Фокус“ дали на денот на гласањето на недоверба на Владата престојувал во премиерската вила, вели дека негово право е каде ќе престојува, според неговата проценка за својата безбедност и безбедноста на неговото семејство.

-Се што имав да кажам го кажав на мојата прес конференција и јавни настапи. Мое приватно право е каде престојувам во одреден ден според мојата проценка за мојата безбедност и на моето семејство. Најбитно е дека јас како пратеник со мандат го искористив моето уставно право да одлучам според моето убедување и со тој потег се обезбеди стабилно зголемено мнозинство и непречен дијалог со Република Бугарија, изјави Реџепи за „Фокус“.

Вчера Александар Николовски Шунка од ВМРО-ДПМНЕ при гостувањето на една телевизија праша дали Реџепи се криел во премиерската вила на тогашниот премиер Зоран Заев на денот на гласањето недоверба на Владата.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!