Македонија

КАТИЦА ЈАНЕВА ПРЕД НЕЈЗИНОТО АПСЕЊЕ БИЛА СЛЕДЕНА ДВЕ НЕДЕЛИ

Според информацијата која ја објави ТВ24,поранешната шефица на СЈО,Катица Јанева,била следена две недели пред нејзиното апсење.

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција издало наредба за следење на Катица Јанева со посебни истражни мерки две недели пред да биде уапсена. Висок извор од истрагата ја потврдува оваа информација за ТВ24.

Обвинителството ги чека тие материјали да бидат декласифицирани и од наредната недела ќе и бидат дадени на увид на одбраната и на Јанева. Во тој период кога Јанева била под ПИ-мерки ја даде својата условена оставка како шефица на СЈО, а осомничените Јовановски и Кичеец веќе беа во притвор.

По отворањето на истрагата шефицата на обвинителството за организиран криминал и корупција тврдеше дека Јанева не е под ПИМ, но одлуката била донесена потоа.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!