Став

Кафуле во Салцбург служи само невакцинирани

ВИЕНА – Вакцинацијата против коронавирусот е тема што создаде раздор во многу општества, вклучително и во Австрија, каде што државарта се подели на две групи на луѓе.

Додека во кафулињата низ Австрија важи правилото дека луѓето што имаат сертификат за вакцинација, потврда за ковид -19 или негативен тест можат да одат во кафулиња, кафулето „Стробл“ во Волфгангсеј во провинцијата Салцбург одлучи да ги услужува само невакцинираните луѓе.

Кој сака да дојде во ова кафуле не смее да биде вакциниран, а сопственичката одбива секаков разговор во врска со нејзината одлука.

„Правно гледално, одлуката не е против законска. „Можеме само да се смееме на тоа и да апелираме до луѓето да не одат во тоа кафуле“, рече градоначалникот Јозеф Викингер.

Покрај општината, од кафеаната се дистанцираше и туристичката организација од регионот Волфгангсе.

Австриските медиуми наведуваат дека вакцинацијата против коронавирус предизвика доста раздор во многу општества, вклучително и во Австрија, каде што поделбата на вакцинирани и невакцинирани и се почесто споменуваните привилегии за вакцинираните луѓе придонесоа за зголемен број екстремни однесувања.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!