Сè започнало заради WI-Fi кодот .
Вчера во Србија одекна веста дека двајца српски државјани од Крушевац М.Л. (37) и М.Г. (41), доживеале голема непријатност кога келнерот од албанска националност им опцул „српска мајка“ во кафуле на плажата Јаз во Црна Гора, откако претходно ги нарекол добиток. .
Тие тврдат дека добиле салва од шовинистички навреди само затоа што побарале код за WI-FI на местото каде што претходно нарачале пијалок.
– Мојот пријател и јас дојдовме на Јаз со семејства и мали деца. Се сместивме на лежалките во кафулето и нарачавме пијалок уредно. Бидејќи видов дека на отворениот интернет Вибер не може да се користи туку само Инстаграм и Фејсбук, го прашав келнерот за кодот за WI-FI – то, но тој рече дека не можеме да го добиеме и дека не е за нас – изјави српскиот турист.
На прашањето од туристот „што сум јас“, келнерот одговорил „добиток“. Келнерот, кој е Албанец од Македонија, тогаш му ја опцул на Крушевчанинот неговата „српска мајка“, а по кавгата со келнерот,српските туристи го напуштиле локалот за да избегнат поголем инцидент,јавуваат Српските медиуми.
Сепак, денес се огласи сопственикот на кафулето Кристина Маровиќ , тврдејќи дека вистината е сосема различна од она што го пренесоа медиумите:
– Тие, всушност, го нападнаа персоналот на кафулето. Тие беа на плажата на кафулето, а не во кафулето. Тие побараа код за приватна Wi-Fi мрежа што не се користи во нашиот локал, дури ни ние, ниту нашиот персонал не го користиме. Келнерот не можеше да им ја даде лозинката и објасни дека станува збор за приватна мрежа. Тоа ги налути гостите, па го нападнаа “, вели Кристина.
Без разлика дали се работи за арогантни гости или шовинистички келнер, останува прашањето што навистина се случило во кафеаната Јаз.