Свет

Кина го отфрли барањето на Помпео за пристап до нејзините лаборатории

ПЕКИНГ – Кина го отфрли барањето на американскиот државен секретар Мајк Помпео да им овозможи на меѓународните инспектори пристап до лабораториите за да се, како што наведува  „Фокс њуз“, осигураат дека опасните патогени микроорганизми, како што е вирусот корона, не се пуштаат случајно.

САД спроведуваат истрага за тоа дали вирусот случајно бил ослободен од лабораторијата Вухан, првобитното жариште на пандемијата која доведе до изолација на земјите ширум светот и ја загрози светската економија.

„Секоја објективна личност ќе види дека поедини американски политичари промовираа лаги, кои ги дискредитираат кинеските напори за борба против пандемијата, како би ги збуниле луѓето и да го одвлечат вниманието од фактот дека тие не ги исполниле своите одговорности во борбата против епидемијата“, рече портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Генг Шуанг.

Претходно, државниот секретар на САД, Мајк Помпео, повика на инспекција во Институтот за вирологија Вухан и други лаборатории, каде кинеските научници, според „Фокс њуз“, го проучувале вирусот корона и други патогени.

Помпео тврди дека во Кина постојат лаборатории „кои се занимаваат со овие работи“.

„Важно е со тие материјали да се ракува на безбеден и сигурен начин за да не дојде до случајно ослободување. Треба да се осигураме дека кинеската влада соодветно постапува со овие материјали, не само во Институтот за вирологија во Вухан, туку и на други места“. , Рече Помпео во средата во Стејт департментот.

Related posts

Leave a Comment