Свет

Кина остро возврати на обвинувањата на Лондон за геноцид врз Ујгурите

China's “New Era” with Xi Jinping characteristics – European Council on  Foreign Relations

ЛОНДОН – Кинеската амбасада во Лондон денеска оцени дека „обвинението на неколку британски пратеници“ дека во кинеската област Ксинџијанг се одвива геноцид врз припадниците на муслиманскиот народ од Ујгур е најбесмислената лага во овој век, навреда на кинескиот народ и сериозно кршење на меѓународното право.

 

Британскиот парламент во средата побара од владата во Лондон да преземе акција за ставање крај на геноцидот во Синџан, според Ројтерс.

Барањето на пратениците е владата да го искористи меѓународното право за да се стави крај на злосторствата против човештвото и геноцидот врз Ујгурите.

Владата оцени дека во Синџан се случува кршење на човековите права од „индустриски размери“ , но дека одлуката за геноцид може да ја донесе само судот.

Related posts

Leave a Comment