Свет

Кина: Ја прекинуваме соработката со САД во повеќе области, Пелоси ставена на црна листа

Америка, Кина, конфликт

 

Пекинг денеска објави дека ќе ја прекине соработката со САД во повеќе области, вклучително и дијалозите меѓу високите воени команданти, сето тоа поради посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на Тајван оваа недела.

Кинеското министерство додаде дека ги прекинува разговорите за климатските промени со Америка, ја прекинува соработката во областа на спречување на прекуграничниот криминал и репатријација на илегални мигранти, објави Ројтерс.

Ова се главните од вкупно осум објавени мерки, наведува британската агенција.

Кинеските власти објавија и дека работната средба меѓу претставниците на Кина и Министерството за одбрана на САД е откажана.

Малку порано, кинеското Министерство за надворешни работи објави санкции за претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси и нејзините најблиски членови на семејството поради посетата на Тајван, и покрај противењето на Кина.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!