Свет

Кинезите имаат „нов Вухан“ – градот Харбин во изолација!

Кинеските власти наредија целосна изолација на градот Харбин, на границата со Русија, за да се спречи појава на епидемија на вирусот корона. Харбин има население од околу 10 милиони жители.

Откако студент се вратил од Њујорк и се верува дека заразил „повеќе од 70 лица“, кинеските власти наредиле строги мерки во Харбин, северо-источна Кина.

Официјалните лица забранија какви било собири и наредија контроли врз целото население, а беа поставени скенери и термални фотоапарати на аеродромот и железничката станица.

Сè потсетува на Вухан, епицентарот на вирусот корона , од каде се започна. Вухан, град со околу 11 милиони луѓе, по строгата изолација, сега има само двајца пациенти заразени со вирусот „Ковид-19“, но сега проблемот се појави во Харбин (град во кој се прават спектакуларни фигури од мраз).

Повеќе од 70 лица биле заразени, а над 4.000 се тестирани во Харбин, а се претпоставува дека инфекцијата  ја „донел“ студент кој се вратил од Њујорк.

Пред  влезот во јавна или станбена зграда, граѓаните мора да се подвргнат на мерење на температурата и исто така мораат да покажат апликација, направена од здравствените власти, за да докажат дека не се заразени. Тие исто така треба да ги почитуваат мерките за социјална оддалеченост, а забранети се јавни собири – свадби, погреби, манифестации …

Сите оние кои ќе покажат симптоми, мора веднаш да бидат ставени во карантин. И сите нивни соседи, доколку живеат во станбена зграда, исто така, треба да останат во домовите најмалку две недели, при што полицијата контролира дали се придржуваат кон оваа забрана.

Оние кои доаѓаат од странство веднаш се упатуваат на 28-дневна изолација.

Loading...

Related posts

Leave a Comment